Насловна / Вести / Европската служба за климатски промени предвидува топли и суви лета

Европската служба за климатски промени предвидува топли и суви лета

Додека Индија и Пакистан долго време се борат со пеколните горештини, се поизвесно е дека Европа наскоро ќе биде погодена од невообичаено топло време. Според најновите податоци на Европската служба за климатски промени – Коперник, нашиот континент најверојатно ќе има топло и суво лето со температури далеку над просечните и подпросечните врнежи.

Постои меѓу 70 и 100 отсто веројатност дека регионите на јужна, централна и југоисточна Европа ќе се соочат со натпросечна топлина во периодот од јули до август. Во оваа критична зона е и регионот на Западен Балкан. Кога станува збор за очекуваната количина на врнежи во Европа, на голем дел од континентот, шансите да бидат под просекот се околу 50 отсто.

leto

Она што особено ги загрижува научниците е тоа што земјоделството е развиено во области каде што се предвидуваат многу високи температури и недостаток на дожд. Оваа стопанска гранка со години се бори со бројни негативни ефекти од климатските промени, а во последно време се соочува со уште еден предизвик, имајќи предвид дека еден од важните светски актери во областа на земјоделското производство, Украина, е во војна речиси три месеци.

Се претпоставува дека Европејците поради жештините во поголема мера ќе користат климатизери, што ќе доведе до зголемена потрошувачка на енергија.

Северна Африка, источниот брег на САД, Централна Азија и Јапонија исто така се изложени на висок ризик од невообичаени горештини во наредниот период, според графиконите од службата Коперник.

leto1

Оваа програма на Европската унија во своите месечни и сезонски прогнози, како оваа, се потпира на милијарди мерења извршени од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици ширум светот. Преку своите проекции, услугата Коперник се обидува да им помогне на владите и компаниите да ги избегнат опасностите од екстремните временски настани.

Минатото лето во Европа беше најтопло измерено досега, а беше одбележано со екстремни температури во Медитеранот и поплави во централните делови на континентот. Температурите, како и зачестеноста и интензитетот на сушите, постојано се зголемуваат како резултат на емисиите на стакленички гасови. Со оглед на тоа дека топлото време предизвикува далекосежни штети на општеството и природата, уште еднаш се укажува на потребата за итно сузбивање на натамошното глобално затоплување.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top