Насловна / Вести / BMW ќе користи бои добиени од биоотпад

BMW ќе користи бои добиени од биоотпад

Користењето на иновативни технологии и секојдневната работа на пронаоѓање на нови решенија кои придонесуваат за зачувување на животната средина и природните ресурси, добиваат се поголемо значење и за општествено одговорните компании и за поедниците.

Компанијата BMW се обидува да ја намали емисијата на штетни материи, пособено оние кои потекнуваат од боите и лаковите и кои имаат значително негативно влијание врз животната средина. Нивниот план е во иднина да користат бои од материјали кои потекнуваат од биоотпад или отпад од постројки за пречистување на отпадни води. Овој производител на автомобили, прв во светот, користи мат бои направени од биомаса наместо од нафта, Освен тоа, фабриките во Лајпциг и Рослин користат одржливо произведена заштита од корозија, имаат ист хемиски состав како претходно користените, исти својства, но емисиите на јаглерод диоксид се намалени. Обновливите суровини како што се биоотпадот или отпадот од постројките за пречистување на отпадни води служат како појдовен материјал за боите. Со употребата на овие нови технологии се очекува да се заштедат над 15.000 тони емисии на CO2 до 2030 година. Одржливиот производен процес ги намалува емисиите на јаглерод диоксид од производството на бои за над 40%.

paints1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top