Насловна / Вести / ЕУ ја забранува продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година

ЕУ ја забранува продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година

Европските законодавци постигнаа договор за забрана на продажбата на нови автомобили и комби возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 гоидна. Договорот помеѓу претставниците на Европскиот парламент и Европскиот совет е постигнат во рамките на пакетот на Европската унија - Fit for 55 за намалување на нето емисија на стакленички гасосви за најмалку 55% до 2030 година.

baned1

Новиот закон предвидува намалување на емисиите од 55% за новите автомобили и 50% за новите комби возила до 2030 година во однос ан нивоата од 2021, како и намалување на емисиите на 100% до 2035 година. Тоа всушност значи забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување. Ваквата одлука генерално наиде ан одобрување, со оглед дека сообраќајот учествува со околу 30% во вкупните емисии на стакленички гасови во ЕУ, според податоците на Европската агенција за животна средина. Но, од Greenpeace стигнуваат критики, со образложение дека 2035 година е предоцна за овој пресврт и дека не е во согласност со динамиката на исполнувањето на климатските цели.

baned2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top