Насловна / Вести / Најголемиот крузер во светот ќе заплови во јануари 2024 година (ВИДЕО)

Најголемиот крузер во светот ќе заплови во јануари 2024 година (ВИДЕО)

Компанијата „Royal Caribbean“ откри детали за својот најголем брод за крстарење во светот „Icon of the Seas“. Тоа ќе биде најголемиот крузер со неверојатна понуда на различни содржини за сечиј вкус. Планирано е оваа луксузна морска убавица да исплови во јануари 2024 година. Дел од бродот е дизајниран многу урбан, како Централ Парк. Ќе има водопад висок 16 метри, барови, тобоган, кино, караоке и огромна тераса.

к

Крузерот има истиснина 250.800 тони, долг е 365 метри, три метри подолг од крузерот„Wonder of the Sea“, кој во моментов е најголем во светот. Може да прими 7.600 патници и 2.350 членови на екипажот. Има 2.805 кабини и е фокусиран на семејни одмори. Посетителите ќе можат да уживаат во луксузните семејни кабини и апартмани.

На врвот на крузерот има AquaDome, кој во текот на денот ќе има сопствен водопад и поглед на океанот, а навечер ќе се претвори во забавен центар со ресторани, барови и претстави. Бродот ќе биде опремен со најсовремени технологии, вклучително и модерна роботика.

к2_resize

„Од моментот кога посетителите ќе влезат на крузерот, секое нивно движење е осмислено за да им го понуди најдобриот одмор. Пред се, „Icon of the Seas“ е наменета за семејни одмори“, изјави Џејсон Либерти, претседател и извршен директор на „Royal Caribbean Group“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top