Насловна / Арт и дизајн / Златната лименка „Скопско“ – револуционерен дизајн кој ги одбележа 90-тите

Златната лименка „Скопско“ – револуционерен дизајн кој ги одбележа 90-тите

Кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите лименките стануваат хит на овие простори и Пивара Скопје може да се пофали дека е пионер во популаризирањето на овој вид на пакување, кој веќе се смета за дел од популарната уметност на 20-ти и 21-ви век. Лименката остава повеќе простор и слобода за уметничко изразување од традиционалната стаклена амбалажа со етикета. Целиот радиус од 360 степени му е достапен на уметникот, отворајќи можност за најразличен дизајн, па така лименката претставува уште еден медиум за уметнички дела.

30

Етикетите на „Скопско“ низ текот на децениите доживеале најразлични трансформации, но периодот на доцните осумдесетти и раните деведесетти ќе го одбележи препознатливата „златна етикета“ на познатиот македонски уметник, графичар и карикатурист Владимир Боројевиќ.

4_resize

Етикетата, која Боројевиќ ја дизајнирал во 1988-та година, претставува техничка мрежа во која се сместени три заоблени стрелки: розова, жолта, црна, како и името на производот на кирилица. Кај етикетата, искористени се доминантните бои, зелената која алудира на традиционалната боја на стаклото (шишето) и  златната боја што го одразува квалитетот и зрелоста на житарките од кои се прави пивото. Откако во 90-тите компанијата ќе почне да ги пакува своите производи во лименки, златната етикета ќе се најде и на лименката, која ја добива препознатливата златна боја.

2_resize

Во годините кои следуваат, лименката „Скопско“ ќе се појави во најразлични изданија, следејќи ја појавата и на најразличните ароми на препознатливото пиво, но „златната лименка“ останува како амблем на 90-тите, лименката што направи револуција во дизајнот.

Извор: http://polnacasa.mk/

1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top