Насловна / (page 1058)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Странски фирми имаат интерес за штипската индустриска зона

industriskazona-stip.jpgШтип - Странските инвеститори се заинтересирани за изградба на фабрики во новата Техничко-технолошка индустриска зона, која се наоѓа во близина на штипската приградска населба „Три чешми“.

повеќе »

Зголемени продажните цени на градежните материјали

gradjevinski-materijal.jpgСкопје - . Во мај годинава во однос мај лани индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 9,2 проценти. Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава во однос на истиот месец лани се повисоки за 10,9 проценти

повеќе »

Стручна расправа за Стратегијата за енергетска ефикасност до 2020 година

fatmir-besimi-zboruva-za-strategijata.jpgСо инвестиции од 522 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во сите сектори Македонија до 2020 година ќе заштеди 1,2 милијарди евра за енергија и ќе ја намали емисијата на јаглен двооксид за 66 килотони, предвидува „Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија до 2020 година“ за која се одржа стручна јавна расправа.

повеќе »

Повеќе струја од обновливи извори

photo_renewable_resources.jpgОсло - Светот до 2050 година би можел да добие 95 отсто електрична енергија од обновливи извори, а САД би ги сноселе околу третина од трошоците на толку драстичниот преод од фосилни горива, се наведува во најновиот извештај на Гринпис и Европскиот совет за обновлива енергија (ЕРЕЦ).
За да се остварат овие цели глобалните инвестиции во енергетиката до 2030 година би требало да достигнат 18 билиони долари - што е околу пет пати повеќе од федералниот буџет на САД за наредната година.

повеќе »

Отстранување на ламаринените гаражи во Штип

zgrada-na-opstina-stip.jpgГрадоначалникот на Штип, Зоран Алексов ги повика сопствениците на ламаринени гаражи да ги отстранат своите нелегални конструкции во најкраток можен рок. Во процедура е постапка за распишување на оглас за лицитација на градежно зeмјиште за изградба на деловно-станбени објекти, на кое се лоцирани гаражите.

повеќе »

Германските градежници профитираа од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка

stadion_vo_juzna_afrika.jpgСветските фудбалски првенства се големи настани поврзани со многу инвестиции, како изградба на стадиони, но и сообраќајни патишта. Овој пат во Јужноафриканската Република многу профитираат и германските фирми. Јужноафриканската Република многу инвестира, само за Светското фудбалско првенство се потрошени повеќе од три милијарди евра.

повеќе »

Во април издадени 233 одобренија за градба

dozvoli_za_gradba.jpgСкопје - Во април се издадени 233 одобренија за градба што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 се наменети за објекти од високоградба, 23 за објекти од нискоградба и 26 за реконструкција. Кај 183 објекти од вкупно 233-те, како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 50 - инвеститори се деловни субјекти.

повеќе »

Во Тетово продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи

divogradbi_tetovo.jpgТетово - Општинскиот инспекторат за градежништво на Тетово ќе продолжи со акции за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи, беше соопштено на прес-конференцијаta што следи по акцијаta кога беше отстранета металната конструкција пред ресторанот „Тич“.

повеќе »

Почна изградбата на градска плажа на кејот на Вардар во Скопје

gft.jpgСкопје - Град Скопје го почна проектот за изградба на градска плажа на кејот на реката Вардар, зад Луна паркот. Со проектот, на површина од 1.775 метри квадратни ќе се постави урбана опрема од монтажен карактер, 20 маси, 80 столчиња и 80 лежалки. Плажата ќе биде со ситен песок, а се предвидуваат две куќички и простор за детски забавни содржини. Градската плажа ќе работи од 10 до 23 часот и граѓаните ќе можат бесплатно да ја користат. Посетителите на градската плажа ќе можат да ги користат тоалетите од Луна паркот.

повеќе »

Медиумски покровител на Конференција за енергетска ефикасност 2010.

konferencija_za_energetska_efikasnost_1.jpgНа ден 03.06.2010 во хотелот Континентал се одржа КОСМО 2010 Конференцијата за енергетска ефикасност насловена - Енергетски ефикасна градба.. Беа присутни предавачи од значајни европски и македонски компании кои зборуваа на различни теми:

повеќе »

Еко лушпа отпорна на урагани

eko_luspa.jpgМонолитната купола (Monolit Dome) е конструктивен систем од тенка армирано бетонска лушпа. Овој тип на конструкција популарен е во САД заради својата отпорност на силни ветрови и релативно ниската цена на градба. Институтот за монолитни куполи (Monolithic Dome Institute) своите конструкции од овој тип ги нарекува и еко-лушпи (ecoShell: economical, eco- friendly thin- Shell) Предностите на куполите Monolithic се: при градењето користат двојно помала количина бетон и арматура за иста површина во однос на класичниот систем на градба, закривената површина куполата ја прави отпорна на сини ветрови, при земјотрес конструкцијата се подигнува заедно со тлото и не се руши, отпорни се на оган и спаѓаат во долготрајни конструкции. Исто така, бетонот на куполата создава термичка маса која допринесува за енергетска ефикасност што е голема предност во однос на другите конструкции.

повеќе »

Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“

skopje_2014.jpgСметам дека ниту објектите изведени по земјотресот 1963 година, ниту проектот „Скопје 2014“ што се реализира во 2010 година, не се сместени ниту во времето, ниту во контекстот. Изградбата на Скопје 1963 година била авангарда за тоа време, а проектот на Кензо Танге го подигна нивото на животниот простор на жителите на Скопје. „Скопје 2014“ од своја страна го вкопува градот под земја, со него се враќате назад. Целта на овој проект веројатно била да оформи некакви темели. Тие темели се градат на основата на некои остатоци, кои се базирани на оригинал кој реално не постоел.

Антонио Петров, предавач на универзитетот Харвард.

повеќе »

Велосипедот и градот

velosipedi.jpgВо рамките на креативниот фестивал за велосипеди ВелоФест 2010 во Скопје, се одржа работилница за проектирање на велосипедски патеки. Нејзини организатори беа: Одржливи иницијативи во партнерство со Архитектонскиот факултет – Скопје, во соработка со Коалицијата за одржлив развој и поддршка од Град Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

 

повеќе »
Scroll To Top