Насловна / Дневни Вести / Стручна расправа за Стратегијата за енергетска ефикасност до 2020 година

Стручна расправа за Стратегијата за енергетска ефикасност до 2020 година

fatmir-besimi-zboruva-za-strategijata.jpgСо инвестиции од 522 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во сите сектори Македонија до 2020 година ќе заштеди 1,2 милијарди евра за енергија и ќе ја намали емисијата на јаглен двооксид за 66 килотони, предвидува „Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија до 2020 година“ за која се одржа стручна јавна расправа.

Во нацрт-стратегијата подготвена со поддршка на експерти од УСАИД се даваат насоки какви мерки треба да се преземат во домаќинствата, институциите и индустријата, односно кај потрошувачите за да се подобри енергетската ефикасност, како и политиките кои треба да се преземат за стимулирање на воведувањето мерки за енергетска ефикасност преку поволни кредити.

Според министерот за економија Фатмир Бесими со Стратегијата за енергетска ефикасност се комплетира сетот на стратешки документи во областа на енергетиката.

– Во моментов во ЕУ на 1.000 долари БДП се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а во Република Македонија 0,75. Со имплементација на мерките од оваа Стратегија тоа би требало да се сведе на 0,45 до 0,49 во 2020 година, вели министерот Бесими. Министерот за економија прецизира дека до 2018 година треба да се зголеми енергетската ефикасност за 9 проценти, а до 2020 за 15 проценти.

Според професорот Константин Димитровнего со овој документ сме еден чекор поблиску кон придружување со Европската унија и исполнуваме уште еден услов. Тоа е добар документ кој покажува дека добро работиме во секторот на енергетиката како држава, тврди тој и додава дека да се вложи еден денар во енергетска ефикасност, односно штедење е исто како да се вложат два или три денара во производство на енергија.

Граѓаните на Македонија, нагласува Димитров, веќе ги разбираат бенефитите од вложувањето во подобрувањето на енергетската ефикасност и инвестираат во нови прозорци, подобра изолација на становите и купување на електрични апарати кои малку трошат електрична енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top