Насловна / Вести / Велосипедот и градот

Велосипедот и градот

velosipedi.jpgВо рамките на креативниот фестивал за велосипеди ВелоФест 2010 во Скопје, се одржа работилница за проектирање на велосипедски патеки. Нејзини организатори беа: Одржливи иницијативи во партнерство со Архитектонскиот факултет – Скопје, во соработка со Коалицијата за одржлив развој и поддршка од Град Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

 

Студентите, во рамките на работилницата, имаа задача да создадат идејни решенија за велосипедски патеки кои ќе придонесат во подобрување на градското возење велосипед. Тие беа поделени на три групи кои работеа на три различни типови на велосипедски употреби. Секоја група даде решенија кои се однесуваа специфично за својата проблематика: рекреација, туризам, секојдневни потреби.
“Работата започна со заедничко возење по градот Скопје кога беа извозени 14 км по градските улици, во траење од 2,5 ч. Ова беше своевидна авантура, зашто возење по Скопје во период од 12-15 ч., со група од 20 велосипедисти, може слободно да се каже, не е секојдневна појава” – вели Дивна Пенчиќ.

 

Темата на првата група беше туристички велосипедски патеки, кои за цел би имале поврзување на значајните туристички знаменитости во градот, би овозможиле полесен пристап и движење до и низ локалитетите што би придонело и до подобро запознавање на туристите велосипедисти со локалитетот и неговите квалитети. Фокус на оваа група беше Старата градска чаршија која претставува локалитет кој сам по себе нуди една многу специфична градска атмосфера, различна од кој било друг дел на градот и многу атрактивна за посетителите што доаѓаат надвор од државата. Групата се фокусираше на создавање впечатливи, несекојдневни велосипедски патеки, преточени во туристичка понуда, како за домашните, така и за странските туристи, т.н. „Урбани туристи“, кои би сакале да го доживеат градот Скопје на особен начин. Студентите понудија две различни патеки и тоа: „Ноќна патека“ и „Град на контрасти“. И двете подгрупи предложија навистина впечатливи велосипедски доживувања.

 
 

Втората група
работеше на
тема рекреативни
велосипедски
патеки кои би
ги поврзале
рекреативните
зони во градот
и би можеле да
се вклопат во
веќе постоечкиот
систем на
велосипедски
патеки од
рекреативен
карактер.
Студентите го
имаа пред себе
проблемот на
разгледување
на пошироката
околина, не
само градското
подрачје. Имено,
овој тип на
велосипедски
патеки би требало
да ги вклучи и
рекреативните
зони од околината
на Скопје, како
што се: Парк
шума „Водно“,
Рекреативен
центар „Сарај“,
кањон Матка,
Марков манастир,
„Катлановска
Бања“, Парк шума
„Гази Баба“ и др.
Оваа група одреди
повеќе нивоа на
рекреација, во
однос на тежината
на патеката,
времетраењето
на турата,
кондиционата
спремност на
корисниците и сл.
Тие предложија
четири категории
на патеки,
ги одредија
местоположбите
на овие патеки
и воспоставија
вид подлоги
на патеките
и потребните
пратечки
содржини.

 

На работилницата што траеше четири дена работеа ментори и
16 студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ од Скопје.
Одговорни за неа беа Олгица Нелкова дипл.инж.арх. и Дивна
Пенчиќ асистент на АФ, а ментори беа асистентите Огнен
Марина, Јасна Стефановска и Филип Дубровски. Учесниците
стекнаа нови знаења за користење на велосипедот како
превозно средство, како и за потребната инфраструктура за
него (велосипедски патеки, стојалишта, паркинзи и сл.), од повеќе
предавачи, меѓу кои и експертот од Холандија Wim van der Wijk,
кој одржа предавање „Градот и велосипедот“.

 

Ова е втора по ред работилница,
која се работи со студентите
по архитектура, а се однесува
на промоција на велосипедот
како превозно сретство. Првата,
иницирана од КОР – Коалиција за
одржлив развој (Соња Дамчевска
и Дивна Пенчиќ), поддржана
од РЕЦ – Регионален еколошки
центар, SIDA Програмата, се
однесуваше на дизајнирање
и изработување на држачи за
велосипеди и за оформување на
паркинзи за велосипеди. Овој пат,
се работеше на промовирање
на велосипедот како средство за
превоз при рекреација, туризам
и обавување на секојдневни
активности. Студентите беа
поделени во три групи и секоја
разгледуваше еден од трите
аспекти. Целта беше предлагање
на одредени стратегии за
користење на велосипедот,
лоцирање на атрактивни точки
во градот, нивно поврзување и
создавање на патеки и пунктови.Темата за подобрување на
велосипедскиот сообраќај во
Скопје е одлична можност за
студентите, но и за јавноста, да
се запознаат со проблемот што
постои во нашата сообраќајна
мрежа. Овој проблем го
парализира градот од аспект
на движење со велосипед. Со
овој проект организаторите
се надеваат на промени во
инфрастурктурата на градот,
но и промени во културата на
граѓаните на Скопје. Промоцијата
на возењето велосипед како
еколошко транспортно средство,
спорт, рекреација, забава,
авантура, кое го зголемува
квалитетот на живеење во градот
и ја намалува загаденоста, има
за цел да ја подигне свеста на
граѓаните и да им ги приближи
предностите на користење
велосипед.

 

Третата група за задача имаше
да предвиди градски велосипедски
патеки, односно патеки кои би ги
задоволиле градските потреби.
Тие треба да им го олеснат
пристапот до местата во градот
што најчесто се посетувани од
граѓаните. Со овој потфат би
се подобрила велосипедската
сообраќајна мрежа, која во
европските градови беспрекорно
функционира и придонесува за
подигање на квалитетот на живеење
во истите. Групата работеше на
препознавање на можното користење
на велосипедот како секојдневно
превозно сретство и обавување на
типичните секојдневни активности на
граѓаните. Тие воспоставија мапа на
градски велосипедски линии, слично
на метро-мапите, поврзувајќи ги
точките на секојдневно користење.
Овие патеки треба да се вклопат
во системот што веќе постои во
Скопје, да се понуди решение за
ревитализирање на оние што не се
во употреба, и да се превидат нови
на оние позиции за кои студентите
оцениле дека недостасуваат.

 

Студентите од сите три групи,
покрај типот на велосипедски
патеки што го обработуваа,
имаа за задача и да
одговорат на потребата од
предвидување на содржини
долж патеките, кои би го
направиле патувањето
со велосипед интересно,
атрактивно и едноставно. При
изработката на проектните
решенија, студентите беа
задолжени да внимаваат и на
економската исплатливост
на проектот, односно на
цената на чинење на самата
изведба, како би се добиле
реални решенија кои имаат
реален потенцијал да бидат
спроведени во иднина.
Студентите своите трудови
на крајот ги презентираа на
јавна изложба, а потоа им ги
поклонија на градот Скопје.
Работилницата, според
главниот организатор на
целата манифестација
„ВелоФест 2010“ Бојан
Ранташа и главниот
поддржувач на
работилницата, канцеларот
на Амбасадата на
Холандија Gert Kampman, е
особено успешна, поради
извонредните проекти што
студентите ги прикажаа, на
работната презентација, на
официјалната презентација и
изложбата.
– Ваквите работилници се
исклучително вредни и за
самите студенти, поради
можноста за запознавање со
поразлични барања со кои
ќе се соочуваат во пракса,
а не се секогаш дел од
официјалната програма на
Архитектонскиот факултет.
Преку ваквите работилници,
освен запознавањето со
специфични проблематики,
тие имаат можност да се
запознаваат и со различни
нарачатели, но и со значајни
експерти од одредени
области. Конкретно оваа
работилница отвори
сосема нови можности на
подолгорочна соработка со
Холандската амбасада и
невладините организации,
кои особен акцент
ставаат на промовирање
на велосипедизмот. Во
иднина се очекуваат и
нови работилници на оваа
тема, а како што истакна и
деканот на Архитектонскиот
факултет при УКИМ, проф.
д-р Тихомир Стојков,
можност за вклучување
на оваа проблематика и
во редовната настава на
факултетот – вели Пенчиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top