Насловна / Дневни Вести / Германските градежници профитираа од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка

Германските градежници профитираа од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка

stadion_vo_juzna_afrika.jpgСветските фудбалски првенства се големи настани поврзани со многу инвестиции, како изградба на стадиони, но и сообраќајни патишта. Овој пат во Јужноафриканската Република многу профитираат и германските фирми. Јужноафриканската Република многу инвестира, само за Светското фудбалско првенство се потрошени повеќе од три милијарди евра.

Кон тоа доаѓаат инвестиции во областа на транспортот и енергетскиот сектор кои, заклучно до 2014 година, ќе достигнат околу 20 милијарди евра. За германските фирми исплатлив бизнис, вели Хајко Швидеровски од Германската индустриска и трговска комора, ДИХК: „Германските претпријатија најпрво профитираа од проектите директно поврзани со Светското фудбалско првенство, во прва линија изградбата на стадионите и инфраструктурата околу нив: паркиралишта, пристапни патишта. Освен тоа, тие профитираат и од проектите кои генерално ја подобруваат инфраструктурата во Јужноафриканската Република, како енергетското снабдување.“


Германската индустриска и трговска комора го проценува германскиот удел во овие инвестиции на 1,5 милијарди евра, преку кои во Германија се отворени или осигурени околу 15 илјади работни места. Хајко Швидеровски гледа две причини за успехот на германските фирми на тендерите: „На германските фирми им оди во прилог релативно свежото искуство со Светското фудбалско првенство во Германија во 2006 година. Второ, тоа што многу германски претпријатија веќе одамна се етаблирани во Јужноафриканската Република, тука би го споменале ’Сименс’. Овие фирми имаат развиено чувство за вклучување на јужноафрикански фирми при учеството на јавните тендери. Со тоа, голем дел од проектите останува во рацете на јужноафриканските партнери.


Владата има обѕири кон јужноафриканските фирми во максимална можна мера, со што треба да се обезбедат работни места во земјата. При изградбата големи стадиони, чија вредност надминува 400 милиони евра и во голем дел се конципирани од германски претпријатија, постои висок процент на учество на јужноафрикански фирми.“


Прашање е сепак кој ќе профитира од економскиот поттик. Според медиумите, многумина работници ангажирани на градилиштата поврзани со фудбалското првенство добиваат плати помали од законскиот минимум. Секој четврт Јужноафиканец е невработен, а богатството е многу неправедно распределено. Во најбогатата држава на континентот, според ОН, секој четврт човек живее во сиромаштија. (Deutsche Welle)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top