Насловна / Градежништво / Еко лушпа отпорна на урагани

Еко лушпа отпорна на урагани

eko_luspa.jpgМонолитната купола (Monolit
Dome) е конструктивен систем
од тенка армирано бетонска
лушпа. Овој тип на конструкција
популарен е во САД заради својата
отпорност на силни ветрови и
релативно ниската цена на градба.
Институтот за монолитни куполи
(Monolithic Dome Institute) своите
конструкции од овој тип ги нарекува
и еко-лушпи (ecoShell: economical,
eco- friendly thin- Shell)
Предностите на куполите Monolithic
се: при градењето користат
двојно помала количина бетон и
арматура за иста површина во однос
на класичниот систем на градба,
закривената површина куполата ја
прави отпорна на сини ветрови, при
земјотрес конструкцијата се подигнува
заедно со тлото и не се руши, отпорни
се на оган и спаѓаат во долготрајни
конструкции. Исто така, бетонот на
куполата создава термичка маса
која допринесува за енергетска
ефикасност што е голема предност
во однос на другите конструкции.

Развој на монолитните куполи
Монолитните куполи од торкретиран
армиран бетон се иновација на David
B. South. Тој уште како тинејџер слушал
едно предавање на Buckminster Fuller
за куполите од полигонални елементи.
Желбата да направи форма на купола
што ќе може лесно да се изведува
во пракса му се исполнила дури во
1975 година кога со браќата успеал
да изгради кружен склад
за компири со пречник
од 32м и височина 10.5м.
South тогаш го патентирал
својот пронајдок и
основал своја фирма
за градба на монолитни
куполи за различни типови
згради: училишта, куќи,
цркви, спортски објекти
и деловни згради.
Заради едноставноста
на градбата, малата
потрошувачка на материјал
и простата конструкција на
куполата фирмата Monolithic
Domes for the World Foundation
изгради 70 куполи за
преживеаните на островот
Јава по земјотресот во
2006 година. Секоја од нив
чинеше само 1500 долари.

Начин на градба на
куполите Monolithic:
Прво се оформува кружна
армирано бетонска
плоча. Потоа вертикалната
арматура се поставува
во прстенестиот темел на
основата. Вентилаторите
ја пумпаат со воздух
пластичната мембрана
(airform) направена од
PVC, пресвлечена со
најлон или полиестер
до формата на идната
купола. Од внатрешната
страна се нанесува
слој на полиуретан, се
поставуваат анкери и се
нанесува уште еден слој
на полиуретан. На веќе
формираната купола со
помош на поставени анкери
се врзува арматура во вид
на мрежа составена од
вертикални и хоризонтални
шипки. Најпосле врз
арматурата од внатрешната
страна се прска торкрет
бетон и куполата
финално се обработува
со малтер и боја.
(monolithic.com)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top