Насловна / Дневни Вести / Во април издадени 233 одобренија за градба

Во април издадени 233 одобренија за градба

dozvoli_za_gradba.jpgСкопје – Во април се издадени 233 одобренија за градба што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 се наменети за објекти од високоградба, 23 за објекти од нискоградба и 26 за реконструкција. Кај 183 објекти од вкупно 233-те, како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 50 – инвеститори се деловни субјекти.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.102.581 илјади денари што е за 9,3 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Државниот завод за статистика соопшти дека во извештајниот период е предвидена изградба на 662 стана со вкупна корисна површина од 47. 905 метри квадратни. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top