Официјални лица
за заштита на
дивиот свет на САД,
пријавија дека по
бреговата линија
на заливот се
пронајдени повеќе
од 300 мртви морски
птици, 200 желки
и 19 делфини во
првите пет недели од
катастрофата. Се
очекува и поголем
број морски животни
да бидат погодени
од нафтата што
не престанува
да истекува од
подводниот извор
на компанијата
“Бритиш петролеум”
повеќе »
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
Styrofoam (Polykem SR) е сина екструдирана полистиренска пена (XPS), која служи како изолационен материјал. Заради технологијата на производство со екструдирање, плочите имаат еднолична структура на затворени клетки. Оваа структура има многу предности: ниска вредност на топлинска спроводливост за долги периоди, одлична механичка цврстина, нема капиларно впивање, висока оптпорност на влага, постојаност на циклусите на смрзнување и одмрзнување, долг рок на употреба, мала тежина и лесна обработка (се сече со едноставни алати), отпорност на распаѓање и стареење. Исто така, материјалот е чист, без мирис и не ја надразнува кожата.
Минатата година Кина инвестираше речиси 34 милијарди долари во соларни панели, ветерни турбини и други алтернативни енергетски технологии, што е речиси двојно повеќе отколко САД, каде што трошоците нагло паднаа. Во интерниот декемвриски извештај за економските перспективи на градот Дежоу, главно седиште на таканаречената Сончева долина, градоначалничката Ву Куијун најави дека градот мора „да ја искористи сета своја сила за да ја поддржи компанијата за опрема за соларна енергија Хуанг. Таа се заложи за „сестрани преференции во политиката, земјиштето, капиталот и другите области за да ја направи компанијата светска класа“.
Австриската компанија која дава услуги во областа на недвижности m2 Group доби градежна дозвола за изградба на шопинг центарот Supernova Zagreb. Шопинг центarot се наоѓа на 10 минути от центарот на градот, во непосредна близина до јужната обиколница хрватскиот главен град и една од главните крстосници на патот кон аеродромот.
Скопје - Изградбата на Коридорот 10 е од витално значење за економијата на Македонија и на Србија, рекоа по денешната средба во Скопје српскиот министер за економија и регионален развој, Млаѓан Динкиќ и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Бон - Претставници на 185 држави учествуваат на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени, која почна денеска во германскиот град Бон, а која ќе трае до 11 јуни.
Вашингтон, - Седумдесет отсто од светските претпријатија со приходи над една милијарда долари планираат во наредните две години да ги зголемат вложувањата во борбата против климатските промени, покажа денеска најновото глобално истражување.

Ретко кога плоштадот "Македонија" бил толку посетен од несл у -
чај ни минувачи кога немало концерт или некоја друга јавна
мани фес тација, како во изминативе две недели, откако
пристигнаа спо мениците на Гоце Делчев и на Даме Груев качени
на коњи. Доа ѓаат гости дури и од други градови за да ги видат, да ги
фо тогра фираат и да им се воодушевуваат.
Министерството за транспорт и врски распиша оглас за јавно наддавање, за давање под долготраен закуп на 40 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Гевгелија, наменето за изградба на ветерни електрани. Предмет на јавно наддавање се 19 градежни парцели со вкупна површина од 22.800 квадратни метри. Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, државјани на Република Македонија и правни лица, односно домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост и правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистер на Република Македонија.
Проектот со кој македонските студенти се
претставија на конгресот АСК 2010 во
Љубљана, беше реурбанизација на
индустриската зона во која се лоцирани
„Топлификациjа“ АД Скопје, ФАС „11
Октомври“, „Комуна“ АД Скопје и уште
неколку индустриски капацитети веќе на -
пуштени и заборавени и од системот и од
општеството. Препознавајќи го ква -
литетот на локацијата, тие презен тираа
нов концепт кој во целост ќе го искористи
капацитетот што овој простор го нуди