Насловна / Технологии / Кривопалачанецот од Москва

Кривопалачанецот од Москва

Image

Пред крајот на секоја година, еден од главните настани во центарот на македонското градежно мајсторство – Крива Паланка, е прославата што ја организира фирмата “Никоградба” и нејзиниот сопственик градежниот инженер Љупчо Николовски. Што значи тоа за малиот и сиромашен град, покажува дружбата на стотици гости – бивши и сегашни вработени и јавни личности, бивши и сегашни градонач алници, директори на јавни претпријатија, доктори, пријатели на фирмата од Паланечкиот крај и Скопје. А понекогаш и гости од Москва, зашто стотици и стотици фамилии егзистирале и егзистираат од работењето во “Никоградба” на проекти во Русија. Паланч ани ја чувствуваат “Никоградба” како своја. Таа е една од малкуте светли точки во сиромаш ниот крај, една од надежите дека градежништвото како занает во овие краишта, повторно се враќа во живот.

Image

Инженер Љупчо Николовски првите искуства во градежниш- твото ги прави во ГП “Пелагонија” во 1970 година. Неговото неимарско патешествие е богато – од 1974 до 1976 работи на објектот “Словнафт” во Братислава; од 1978 е технички директор на комунално претпријатие во Крива Паланка; од 1981 до 1985 преку “Гранит” работи на проекти во Мисурата – Либија.

Искуствата стекнати на многубројните проекти на кои работи како раководител, му влеваат желба, но и сигурност, и во 1987 година ја формира својата фирма “Никоградба” со која работи на проекти низ тогашна Југославија: школата за пилоти во Задар; трговски центар во Биоград на море; во Белград тоа се изградбата на Католичката црква, ТЦ “Коњарник”, низа станбени куќи. Во 1992 година бизнисот го шири во Руската Федерација со отворање на фирма во Москва, со која ја почнува

Image

и до ден-денешен ја гради приказната за опстојување и растеж на гладијаторскиот градежен пазар на Москва и на Русија. Во текот на овој 15-годишен период, како подизведувач на повеќе македонски и српски фирми (кои на тамошниот граде- жен пазар се “главни”) работи на повеќе проекти. Во 1993 тоа е претседателската палата Ашхабат. Од 1994 до 2003 во Москва негов печат добиваат: управната зграда на Внешторбанк; со фирмата “Мивел” работи на станбениот комплекс “Камелот”, бизнис центарот “Сољанка”, “Икеа”, станбениот дом на улица Пожарски, бизнис центарот на улица Су- шовски вал или вкупно изведени над 130.000 квадратни метри.

Image

Со ГП “Бетон” ја изведуваат управната зграда на Јамалто немецката област, Централната банка на Русија, станбена зграда на Руновски переулог. Тука се и големите проекти како спортскиот центар на улица Улоф Палме, станбениот комплекс на улица Новослободска.

Во Санкт Петербург се кали на станбената област “Стрељна” и на претседателската палата. Тоа се десетици илјади квадратни метри конструкции, фасади, подови (заедно со “АДИНГ” – Скопје), занаетчиски позициии. Со растот и стручното дооформување тимот на “Никоградба” влегува во фаза на преземање на поголеми проекти и тоа со комплетна изведба во

Image

сите фази, како главен носител на проектите: луксузните вили – дачи во елитните реони Николина гора, Горки 2, станбениот комплекс – дворец на еден од поголемите руски тајкуни Гарик Абрамович во реонот Барвиха. Ова е навистина прекрасен проект во областа Барвиха во близина на Москва, во вистинска смисла царски комплекс (со градежен дел од околу 10.000 квадратни метри), гаража за 15 автомобили, станбен објект, зимска градина, сауни и базени, тениска сала и огромен двор со вештачко езерце и излез на реката Москва.

Во последниве седум-осум години од големата македонска градежна четворка во Русија остана “Маврово” со проекти малку подалеку од Москва, поточно во Астрахан и во Оренбург. Другите заминаа, без некоја желба и упорност да останат и да се борат за нови проекти, кои во Русија ги има безброј. “Никоградба” и Љупчо Николовски останаа, фирмата се стабилизира, расте. Стотината вработени во “Никоградба” со десетина инженери, со своја база и магацини, се почитувана фирма и наш “градежен” амбасадор во Москва. Малата, но истовремено и голема “Никоградба” покаж ува и докажува дека македонската оператива има капацитет да се врати на големиот руски пазар, не само како бројка на мајстори и поединци низ многуте руско- српски фирми, туку и како фирми со комплетна услуга, од проектирање до изведба и на поголеми проекти.

Објавено во број 82.

Испрати коментар

Scroll To Top