Вештачката трева, која најчесто се користи на спортските терени, детските игралишта, во парковите и за уредување на дворови, главно се изработува од пластика на база на фосилни горива и често содржи гумен или пластичен гранулат. Затоа, развојот на првата биополимерна вештачка трева без микропластика е значаен чекор кон одржливи спортски подлоги.
Наградата Biopolymer Innovation Award 2026 е доделена во текот на јуни во склоп на конгресот BIOPOLYMER во Германија, каде се избрани најиновативните проекти од областа на биобазираните и биоразградливи пластики. Главната награда е доделена на компанијата Tecnaro GmbH за развој на сисистемот NaKura, првата вештачка трева без микропластика заснована на биополимери. NaKura претставува единствен спортски терен изработен од биополимерот Arboblend, од кој се изработени и влакната на вештачката трева и био полнењето. Био полнењето во целост го заменува конвенционалниот пластичен гранулат, кој се смета за еден од главните извори на загадување од микропластиката.

Единствениот ваков терен се наоѓа на градскиот стадион во Елванген и ибединува високо ниво на одржливост и врвни спортски перформанси, па го исполнува и стандардот FIFA QUALITY PRO за професионален фудбал.

Најголемиот проблем на денешната вештачка трева не е нејзиното директно влијание на здравјето, туку нејзиниот придонес во загадувањето со микропластика и загревањето на површината во текот на летните месеци. Токму тие проблеми се решаваат со оваа иновација. Колкаво би било нејзиното значење, најдобро се илустрира преку податокот на Европската агенција за хемикалии, според кој само Германија има околу 9.000 терени со вештачка трева кои содржат околу 16.000 тони микропластика.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија