Доколку бројот на сателити во Земјината орбита надмине 100.000, човештвото би можело да ја изгуби способноста да ја проучува вселената од површината на Планетата. Тоа е заклучок на студијата која ја спровеле астрономи од Европската јужна опсерваторија (ESO), а која предупредува дека доколку се реализираат постоечките планови за поставување на милион орбитални податковни центри и десетици илјади огледала кои ја рефлектираат сончевата светлина, најнапредните светски астрономски телескопи практично можат да бидат повлечени од употреба.

Сателитите влијаат на небото на два начини. Прво, сончевата светлина која ја рефлектираат ја зголемува вкупната светлина на небото, создавајќи светлосно загадување. Второ, посветлите сателити создаваат и траги на снимките на телескопите кои ги уништуваат опсервациите. Со оглед дека светлосното загадување се ширеше со урбаниот развој во текот на последните децении, астрономите се повеќе се повлекуваа во оддалечени локации. Токму затоа, опсерваторијата Vera C. Rubin се наоѓа во чилеанската пустина Атакама, каде ноќното небо и натаму е речиси совршено темно.

Генерално гледано, сателитите со кои управуваат сите оператори ширум светот би требало да останат на бројката под 100.000, доколку астрономијата не сака да претрпи сериозна штета, предупредуваат научниците. Space X во моментот чека одлука од надлежните за лансирање на милион орбитални податковни центри. Моментално околу 14.000 сателити кружат околу Планетата.
Студијата е објавена во часописот Astronomy & Astrophysics.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија