Насловна / Вести / Започна со работа првата француска офшор ветерна електрана

Започна со работа првата француска офшор ветерна електрана

Првата француска ветерна електрана на море, Saint-Nazaire, со инсталирана моќност од 480 MW, во целост е пуштена во погон. Последната од вкупно 80-те ветерни турбини од типот GE Haliadе 150-6 MW e монтирана во септември, по што веќе работи со полн капацитет. Првата од овие ветерни турбини е поставена во април годинава.

еолиене1

еолиене2

Saint-Nazaire, познат и под името Parc éolien en mer du Banc de Guérande, е во сопственост на девелоперот Eolien Maritime France (EMF), што претставува конзорциум формиран од страна на EDF Renouvelables, Enbridge и Canada Pension Plan Investment Board. Во текот на последните 10 години, овој проект ппродонесе во изградбата на капацитетите за индустријата на офшор ветерни електрани во Франција и мобилизираше значаен број на нови работни места и во текот на изградбата и сега во оперативната фаза. Оваа прва електрана од ваков вид во земјата е дел од стратегијата на компанијата EDF за удвојување на нето капацитетот на обновлива енергија со цел да достигне 60 GW до 2030. Исто така, компанијата учествува и во владината национална нискојаглеродна стратегија, чија цел е постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година. EDF е компанија во мнозинска сопственост на француската влада (85%).

еолиене3

 

Испрати коментар

Scroll To Top