Насловна / Архитектура / Емотивниот Al Thumama, првиот катарски стадион проектиран од локални архитекти (ВИДЕО)

Емотивниот Al Thumama, првиот катарски стадион проектиран од локални архитекти (ВИДЕО)

Динамичната и имагинативна форма на стадионот Al Thumama ја слави локалната култура и традиции исто како и новата ера за дизајн на стадиони. Ова посебно место има значење кое е блиску до срцата на локалното население и одекнува во целиот регион.

2

Изграден е на една од најдобрите локации во јужна Доха, обезбедувајќи одличен сообраќаен пристап и пристап до јавен превоз, како и оддалеченост само пет километри од главниот аеродром.

9

Al Thumama е првиот катарски стадион проектиран од локални архитекти во соработка со светскиот гигант Heerim. Проектант е катарскиот архитект Ibrahim M. Jaidah, главен архитект во Arab Engineering Bureau. Тој својата инспирација ја црпи од традиционалната ткаена шапка gahfiya, традиционална капа што ја носат мажите и момчињата ширум Блискиот исток. „Се сеќавам на ноќта кога ги држев во рака сите видови gahfiya, за да ги проучам различните шаблони на секоја од нив“, вели Jaidah и додава: „Секогаш сум ја носел како дете, меѓутоа, не очекував да ги видам сите различни форми и длабочината на нејзините дизајни“. Тој се надева дека неговиот дизајн ја одразува и модерната и традиционалната природа на земјата. Кружниот бетонски стадион има мазна и едноставна надворешна форма, покриена со бела обвивка. Сепак, таа обвивка има отвори што создаваат неверојатен, сложен модел, имитирајќи gahfiya.

4

10

Иако не е под земја, стадионот обезбедува извонредни технологии за ладење, способни да ја спуштат температурата внатре на само 18 степени за време на турнирот на ФИФА. Стадионот има капацитет од 44.400 седишта. Потоа, волуменот на објектот нема да се намалува, туку капацитетот ќе се преполови. Дел од седиштата ќе бидат отстранети, поголемиот дел од горниот прстен ќе се донира на земјите во развој, а на место на горниот прстен ќе се направи елегантен двор со хотел.

0

Навивачите првиот поглед на Al Thumama го доживуваат одозгора, бидејќи многу меѓународни летови се спуштаат токму над локацијата. Брилијантната бела надворешност се истакнува среде бујно зелено окружување, јавен парк од 50.000 квадратни метри го опкружува стадионот. Al Thumama, е отворен е на 22 октомври 2021 година. Домаќин е на осум натпревари на Мундијалот, од кои три веќе се одигра во одличен амбиент.

5

1

6

7

8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top