Насловна / Вести / Westinghouse ќе гради нов реактор во „Козлодуј“

Westinghouse ќе гради нов реактор во „Козлодуј“

Американската компанија Westinghouse потпишала договори за партнерство со пет бугарски компании, кои ќе учествуваат во реализација на компанискиот проект за реактор AP1000 на локацијата на нуклеарната електрана „Козлодуј“. Договорите с епотпишани во канцеларијата на Американската стопанска комора во Бугарија. Петте бугарски компании со кои се потпишани договорите се: OSKAR EL, Главболгарстој, EnergoService и EQE. Ова е суштината на користењето на локалниот деловен потенцијал и академската заедница, кој е дефиниран со концептот на локализација.

kozloduy1

 

Минситерот за енергетика на Бугарија изјавил дека ова е многу важен чекор во имплементација на оваа технологија во постоечката нуклеарка „Козлодуј“, со ветување дека Владата и Минситерството за енергетика ќе соработуваат за сите прашања релевантни за реализација на проектот. Во март годинава, претставникот на компанијата  Westinghouse за Бугарија, Иван Пиронков, на конференција за развојот на нуклеарната енергија рекол дека 2032 година е реален рок за изградба на реакторот. Тој тогаш објаснил дека Бугарија мора да биде првата земја во европа која ќе пушти во работа таков реактор – AP1000.

kozloduy2

Испрати коментар

Scroll To Top