Насловна / Вести / Volvo повеќе не произведува дизел возила

Volvo повеќе не произведува дизел возила

Пред седум години, Volvo Cars стана првиот голем производител на автомобили кој се обврза дека ќе ги укине возилаат кои исклучиво се потпираат на фосилни горива, и од тогаш претстави неколку хибридни и целосно електрични модели. Volvo Cars сега и официјално се прости од автомобилите со дизел мотор, откако спортското теренско возило XC90 се симна од лентата во фабриката во Торсланд, како последен дизел модел на шведскиот производител. Со тоа е завршена ерата на дизелашите за Volvo, кој до 2030 година планира да произведува само електрични возила.

1_59

Во Европа, на главниот пазар на брендот, дизел автомобилите достигнале врв пред девет години со речиси половина во продажбата на нови возила. Минатата година паднале на 14%. Volvo ќе го прикаже последниот XC90 на отворањето на Volvo музејот следниот месец во Гетеборг. Volvo произведувал дизел возила полни 45 години.

1_60

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top