Насловна / Вести / Rimac Energy отвори погон во Велика Британија

Rimac Energy отвори погон во Велика Британија

Хрватската компанија за складирање на енергија Rimac Energy, отвори свој погон во Велика Британија, кој ќе претставува центар за технолошки иновации. Новиот објект се простира на површина од 1.850 квадратни метри.  Rimac Energy е бренд на компанијата Rimac Technology, која е во сопственост на Rimac grupа, и е пионер во развојот на напредни батериски системи за складирање на енергија (battery energy storage system – BESS). Специјализиран е за развој, проектирање и производство на стационарни системи за складирање на енергија во Европа.

1_61

Постројката во Витни, во регионот Оксфордшир, ќе ја произведува следната генерација батерии и ќе отвори над 70 висококвалификувани работни места за инженери, техничари и истражувачи од технолошката индустрија на Велика Британија. Објектот претставува последне збор на технологијата, и ја истакнува поврзаноста на фирмата со глобалниот пазар за чиста енергија и соработката помеѓу тимовите во Хрватска и Велика Британија.

1_62

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top