Насловна / Вести / Во саботата Црна Гора била трета во Европа според уделот на произведената енергија од ветерни електрани

Во саботата Црна Гора била трета во Европа според уделот на произведената енергија од ветерни електрани

Двата црногорски ветерни парка „Можура“ и „Крново“, во саботата на 17-ти септември, задоволиле 36% од потребите на земјата за електрична енергија. Според WindEurope, тој ден Црна Гора била трета во Европа според уделот на електрична енергија добиена од ветерните електрани. Во моментот Црна Гора ги има само двата споменати ветерни парка со инсталирана моќност од 72 MW („Крново“) и 46 MW („Можура“). Во план е изградба на ветерниот парк „Гвозд“ со инсталирана моќност од 54 MW, како и ветерниот парк „Браиќи“ од 100 MW.

crnagora2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top