Насловна / Вести / Германија: Сојузната влада размислува за превземање на енергетската компанија Uniper

Германија: Сојузната влада размислува за превземање на енергетската компанија Uniper

Германската Сојузна влада расправа за превземање на уште поголем удел во најголемиот тамошен увозник на гас, енергетската компанија Uniper, со оглед дека компанијата се соочува со финансиски потешкотии предизвикани од драстичното намалување на испораките од руски гас. Со оглед на „растечката неизвесност“, сега се испитува, меѓу останатото можноста за „директно зголемување на капиталот кое би довело до мнозински удел на Сојузната влада во Uniper“, велат од компанијата.

uniper1

 

Проблемите на Uniper се сериозни откако Русија значително ги намали своите испораки ан гас за Германија. Затоа, компанијата морала да ги исполнува договорите кон своите потрошувачи со обезбедување на скап гас од други земји. Инаку како резултат на претходен пакет за спас на оваа компанија, во мај годинава, Сојузната влада веќе презеде 30% од акциите во Uniper.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top