Насловна / Вести / Во Кина пуштена во работа ванадиумска проточна мегабатерија

Во Кина пуштена во работа ванадиумска проточна мегабатерија

Кина не запира во подигањето на глобалните норми во технологиите за складирање на енергија, како што е тоа случај во зелената енергетика. Последниот подвиг е најголемиот светски погон со ванадиумски проточни батерии. Институтот за хемиска физика (DICP) го проектирал овој капацитет со моќност од 100MW, со цел ефикасно користење на електричната енергија од обновливи извори и зачувување на стабилноста на мрежата. Новиот систем е најголем од овој вид во светот, а капацитетот во следната фаза ќе биде удвоен.

Dalian1

dalian2

Постројката Dalian Concurrent Energy Storage Power Station е изградено и пуштено во работа од страна на Rongke Power, а проектот е одобрен во 2016 година. Проточните батерии се состојат од резервоари наполнети со електролити во течна состојба, наместо конвенционални електроди. Исто така, ванадиумските „редокс“ системи теоретски можат бесконечно многу да се полнат и празнат, за разлика од стандардните батерии. Кратенката „редокс“ го означува циклусот на редукција и оксидација. Понатаму, проточните, односно батериите од електролити се поевтини и не се запаливи како литиум – јонските батерии. Единствениот недостаток им е што имаат многу мала густина на енергијата, односно поедноставно кажано зафаќаат голем простор, па не можат да послужат за мобилни технологии, на пример за изработка на батерии за автомобили.  Постројката на североистокот на Кина, ќе се полни со електрична енергија од обновливи извори во случаите на ниска побарувачка, а ќе се празни во текот на периодите на врвно оптоварување.

dalian3

Contemporary Amperex Technology Co. Ltd. (CATL), компанија која е најголемиот производител на батерии на планетата, се подготвува да ја исфрли на пазарот првата генерација на натриум јонски батерии, директна конкуренција на решенијата базирани на литиум. Тие исто така се поевтини, многу безбедни и со пониско негативно влијание врз животната средина.  Во Кина се наоѓа и најголемата светска реверзибилна хидроцентрала. Освен тоа, државната компанија „Синопек“ ја гради најголемата фабрика за водород од обновливи извори (зелен водород) на Планетата.

Испрати коментар

Scroll To Top