Насловна / Архитектура / Реконструкција на железничка зграда во Утрехт, Холандија

Реконструкција на железничка зграда во Утрехт, Холандија

Холандското архитектонско студио Nine dots изврши реконструкција на стара железничка зграда во Утрехт во централна Холандија. Главниот објект на железничката зграда бил изграден во 1905 година, постепено губејќи ги архитектонските квалитети и способноста програмски да одговори на првичната зададена функција. Наслојувањето на контекстот со текот на време единствено допринесувала кон попречување на визурите на работилницата, што ќе претставува еден од главните двигатели на потребата за реконструкција и реставрација на просторот преку зачувување на духот на местото и имплементација на современи елементи, во постојното јадро во населбата Бовенбауер.

Проектот Ситиплот на студиото Nine dots  има за цел да ја покрене ресоцијализацијата на урбаните населби и да ја подобри интеракцијата помеѓу соседите. Со новата интервенција со органско наслојување се создава простор за нови маалски објекти и креативни претприемачи, поттикнувајќи различни реинтерпретации на неговата намена, оставени на слободата на корисникот.

11111 11117 11112

Пресекот на постоечката структура во јадрото направи простор за сосема нов ортогонален волумен, забележлив и внатре и надвор. Овој објект располага со петкатен центар за мобилност за 175 (заеднички) автомобили и велосипеди.

Фасадата претставува симбиоза од транспарентни и закривени  метални елементи, кои ја минимизираат масивноста на волуменот однадвор. Постојната инфраструктура е зачувана, при што се почитува тенденцијата за зачувување на идентитетот и атмосферите на постојниот градежен фонд, истовремено поврзувајќи го со контекстот преку динамиката на фасадната обработка.

11116 11115 11118 11114

Студиото Nine dots, во соработка со DELVA, ја репроектира и развојната област Утрехт Виселспур, чија прва фаза го обиколува Бовенбауер. Главната урбана единица на проектниот опфат на Ситиплот е парцелата од 100 на 100 метри. Континуирана структура од ниски и високи згради се распоредени на рабовите на опфатот, создавајќи можности за висококвалитетен, зелен јавен простор во просторите помеѓу нив. Овие населби имаат сообраќај со низок интензитет, што дополнително допринесува кон квалитетот на јавните површини. Со групирање на елементите за урбана мобилност во рамките на опфатот, населбата останува пешачка и има многу повеќе можности да се генерира квалитетен јавен простор низ целата четврт.

11119 11113

Испрати коментар

Scroll To Top