Насловна / Вести / Во Холандија отворена најдолгата соларна велосипедска патека

Во Холандија отворена најдолгата соларна велосипедска патека

Властите на централната холандска покраина Утрехт, ја отвориле „најдолгата соларна велосипедска патека во светот“, поврзувајќи одржлив извор на енергија со транспорт без загадување. Учениците од локалното основно училиште први се возеле по патеката во близина на Утрехт. Патеката се состои од блокови од готов бетон, прекриени со тенок проѕирен слој кој штити и овозможува продор на сончевата светлина до соларните ќелии во бетонските блокови. Целта на овој пилот – проект е да утврди дали таквите патеки со двојна намена можат да бидат во широка употреба, со оглед на заложбите на покраината Утрехт да ја намали емисијата на јаглерод диоксид. „Сакаме да бидеме климатски неутрални до 2040 година, а ова е многу иновативно. Нашата покраина е многу густо населена, а има малку простор, па затоа мора да се испроба оваа двојна намена на инфраструктурата“, велат официјалните лица од покраината. Во Холандија веќе се користат соларни велосипедски патеки, но со пократки растојанија.

utrecht1

utrecht2

utrecht3

Испрати коментар

Scroll To Top