Насловна / Вести / Нови планови на Ричард Бренсон – хотел покрај Месечината

Нови планови на Ричард Бренсон – хотел покрај Месечината

Сер Ричард Бренсон, во неделата стана астронаут така што со својот брод „Унити“ одлета 53 милји над површината на Земјата, до работ на вселената. Еден негов сон е исполнет, а следната амбиција е изградба на вселенска станица во близина на Месечината, каде би имало и хотел. Седумдесетгодишниот Бренсон рекол дека хотелот покрај Месечината би можел да биде план кој ќе се реализира, и ќе биде на располагање на генерацијата на неговите деца. Новите планови се откриени после успешниот лет на „Вирџин Галактик“. Милијардерот и пионер на вселенскиот туризам, а сега и астронаут, рекол дека идните клиенти можат да очекуваат „многу повеќе вселенски бродови“ од „Вирџин Галактик“, што на крајот ќе ги намали трошоците на патувањата. Се смета дека картата до работ на вселената со „Вирџин Галактик“ ќе чини околу 250.000 американски долари.

spacehotel1

Бренсон рекол дека летовите на компанијата „Вирџин Галактик“ можеби не се крај на неговата работа во вселената, бидејќи компанијата планира да изгради летала кои ќе летаат повисоко и подолго. Зборувајќи за другите работи кои сака да ги оствари, рекол: „Веројатно еден ден ќе изградиме хотел кај Месечината, за што отсекогаш сум сонувал, но можеби тоа ќе им го препуштам на моите деца… Ќе видиме. Тоа е уште еден сон, кој би сакал да го исполнам еден ден, ако имам време во животот“. Бренсон се надева дека после „пресвртниот момент“ кога успеал да оствари лет до работ на вселената, индустријата нa вселенскиот туризам ќе расте со забрзано темпо. Бренсон се надева дека со повеќе расположиви вселенски летала, ќе се намали цената на патувањето во вселената. Извршниот директор на „Вирџин Галактик“, Мајкл Колглејзер рекол дека еден ден оваа компанија би можела да реализира 400 летови годишно, до повеќе десетици вселенски пристаништа. Со оглед дека во моментот, над 600 луѓе платиле за патување во вселената, а некои се подготвени да чекаат и повеќе од 15 години на таа прилика (околу илјада луѓе платиле резервација), компанијата ќе мора да забрза со изградбата на нови летала, вселенски станици, а согласно амбициите и хотели.

spacehotel3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top