Насловна / Архитектура / Sanya Farm Lab во Кина средиште за научни истражувања во земјоделството

Sanya Farm Lab во Кина средиште за научни истражувања во земјоделството

Архитектонското биро со седиште во Пекинг и во Шангај, CLOU architects е проектант на  Sanya Farm Lab, мултифункционален изложбен и малопродажен простор со мрежест егзоскелет кој ги замаглува грниците помеѓу внатре и надвор.

14_resize

Сместен во Nanfan High Tech District of Sanya – најјужниот град на тропскиот остров Hainan во Кина, објектот е изработен од длабоки мрежести модули за да се обезбедат климатски услови внатре, притоа обезбедувајќи полупрѕирен изглед однадвор.

16_resize

1_resize

Инспириран од традиционалната куќа на Hainan, Sanya Farm Lab настанува како модерна изведба на одамна воспоставениот контекст на архитектурата.

Зафаќајќи површина од 4.000 квадратни метри, објектот е на четири ката и нуди изложбен простор и малопродажни единици како пиво-бар, ресторан, органска фарма, пазар, земјоделска фабрика, бар и кујна.

2_resize

3_resize

Sanya Farm Lab се трансформира во средиште за научни истражувања во тропско земјоделство.

Архитектите од CLOU architects настојувале да ги комбинираат климатските карактеристики на регионот, интегрирајќи ги неговите научни и технолошки земјоделски елементи. Како дел од изложбениот центар, земјоделската лабораторија интегрира високотехнолошки достигнувања, како што се земјоделска роботика и вертикално земјоделство во затворено, воведувајќи потполно ново искуство од фарма до маса. Намерата на проектот е да и ги презентира на јавноста технологиите на високо ниво во реално време, нагласувајќи ја еволуцијата на земјоделските технологии развиени во општество и образовниот сектор.

4_resize

10_resize

„Локалната влст инвестира во истражувања за промени во животната средина, недостиг на земја, вода и проблеми со производството на храна, како и зголемената побарувачка на желбата на Кинезите од средната класа да се вратат на природата и туризмот во руралните области“, велат архитектите од CLOU.

7_resize

Комплетирањето на Sanya Farm Lab се заснова на современ еколошки земјоделски приказ и надградба и еволуција на животниот стил. Ги брише традиционалните граници помеѓу природата и градот и го стеснува растојанието помеѓу технологијата и животот.

6_resize

Другата важна работа е насочена кон преплетените надворешни јавни простории во комбинација со надворешната циркулација. Скулпторски спирални скали доминираат во внатрешноста, додека огромните скали на мултифункционалниот театар ги поврзуваат внатрешните и надворешните области, обезбедувајќи полесна транзиција низ просторите. Решетката на фасада помага природната светлина и вентилацијата да течат низ внатрешноста, намалувајќи ја истовремено апсорпцијата на сончевата светлина за 70 отсто и нуди отворен поглед кон околниот пејзаж.

9_resize

5_resize

8_resize

15_resize

13_resize 17_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top