Насловна / Вести / Во Дубаи отворена најголемата вертикална фарма – користи 95% помалку вода

Во Дубаи отворена најголемата вертикална фарма – користи 95% помалку вода

Вертикалните фарми се моќна алтернатива и решение во време на сериозна криза со земјиштето, но исто така тие не се помалку функционални од конвенционалните. Покрај тоа, тие штедат огромни количини на вода. Иако вертикалните фарми не се никаква новост, една сепак привлече внимание бидејќи станува збор за најголемата вертикална фарма на светот која е подготвена да произведува над 900.000 килограми зеленчук годишно.

bustanica1

bustanica2

Фармата под името Bustanica е изградена од компанијата Crop One Holdings во соработка со Emirates Flight Catering, а отворена е во Дубаи во обединетите Арпски Емирати недалеку од Меѓународниот аеродром Al Maktoum. Фармата има површина од 30.658 квадратни метри. Зеленчукот од фармата е „целосно чист“, односно без пестициди, хербициди и други хемикалии. Исто така, фармата користи 95% помалку вода во однос на традиционалните фарми, додека дневно ќе дава по три тони производи благодарение на машинското учење, вештачката интелигенција и аналаизата на податоци. Зеленчукот ќе се нуди на патниците во авионите на компанијата Emirates, но и на други авиокомпании кои соработуваат со Emirates Flight Catering. исто така, ќе се продава и во локалните продавици под брендот Bustanica.

bustanica3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top