Насловна / Арт и дизајн / Змаго Новак – BIG SEE: Да се живее во Југоисточна Европа значи да се живее во најкреативниот регион во светот

Змаго Новак – BIG SEE: Да се живее во Југоисточна Европа значи да се живее во најкреативниот регион во светот

Змаго Новак е основач и директор на Zavod Big, Центар за креативна економија. Тој исто така е главниот двигател на платформата Big Southeast European platform (BIG SEE) како и движечка сила на многу меѓународно етаблирани проекти, како што се Месецот на дизајнот, Големата архитектура, Градот на дизајнот итн.

Неговата мисија е да ги забележи, разбуди и меѓусебно поврзе креативните и економските потенцијали на регионот на Југоисточна Европа за да се соочи со глобалните предизвици. Силно верува дека ова е најефикасниот начин да се зголеми конкурентноста на регионот, да се создадат нови деловни можности и да се промовира регионот преку новиот глобален бренд: „BIG SEE – Where Life Is Creativity“.

Новак курирал безброј настани за архитекти, дизајнери и други професионалци, а редовно е поканет во национални и меѓународни жирија на конкурси за дизајн и архитектура. Тој е почесен член на Друштвото на дизајнери на Словенија и на Комората за архитектура и просторно планирање на Словенија.

973a7dfda8cbbe8703f3e0bf541854fe_resize

Да се живее во Југоисточна Европа значи да се живее во најкреативниот регион во светот вели Змаго Новак. Платформата BIG SEE претставува форум и заедница за дискусија и развој на културната, економската и политичката улога на Југоисточна Европа и нејзиното влијание врз глобализираниот свет. „Животот во овој регион не е едноставен и не е секогаш лесен.  Во регионот се раѓале безброј владетели, уметници, филозофи, а да се биде креативен често значеше само да се успее да се остане жив“, смета BIG SEE. Целта на платформата е да го направи регионот подобар и поконкурентен. Геостратешката положба на регионот, која претставува мост Запад – Исток треба да се искористи, да се подигне конкурентноста на економијата (од суровинска база до брендови со висока вредност) и да се обезбедат квалитетни работни места за младите луѓе.

15-5-600x719_resize

Наградите BIG SEE Awards се воспоставени како регионални награди за систематско истражување и промовирање на креативниот и на бизнис-потенцијалот на Југоисточна Европа. Со амбиција за поврзување на креативноста надвор од регионалните граници, тие ги надминаа регионалните рамки и станаа меѓународни. Денес наградите BIG SEE придонесуваат за промоција на единствени и оригинални креативни достигнувања во архитектура, ентериер, дизајн од дрво, туризам, производи и моден дизајн на глобално ниво. Оваа година за прв пат добитник на Гран при е проектантско биро од Скопје. Бирото „Стокуќа“ е добитник на BigSEE Interior Design Award 2022 – Grand Prix за проектот канцелариски простор за Пивара Скопје во конкуренција на повеќе од 2.400 проекти од 21 држава.

28-2-600x719_resize

Зошто BIG SEE, како да се сфати името на платформата? Дали е повеќеслојно, па може да се разбере како голема слика, широк поглед, перспектива, безгранично? А можеби сè во едно?

BIG е наследено име, бидејќи почнавме да го користиме уште пред 20 години како кратеница за BIO-INTELLIGENT. Добро се вклопува во Југоисточна Европа затоа што дава динамика на двете нешта – и на регионот и на визијата. Но, да, да се размислува, сонува, цели кон „големо“, секогаш е добро за секој потфат, вклучувајќи го и креативниот.

Debate-web22eng_resize

Сметате дека BIG SEE беше неопходно? Дека на остатокот на светот перцепцијата за Југоисточна Европа не му е докрај јасна и дека светот може само да добие доколку ја запознае целата креативност на регионот во нејзиниот полн сјај?

Се разбира, секој добива со тоа што знае повеќе, со самото тоа што може да запознае и да бира од поголем фонд на таленти, така што во основа да, светот секако би имал бенефит од подобро запознавање на нашиот регион.

Но, што е уште поважно, самиот регион ќе има корист и ќе стане поинтегриран во меѓународниот бизнис, а со тоа ќе стане и повидлив и попривлечен за светот. Но, никој нема да го направи тоа наместо нас, ние самите треба да го направиме тоа.

wdxecwsfddfcydfgg_resize

Можеби му недостасува маркетинг на регионот, за светот да се испровоцира подобро да ги запознае неговите креативци во сите области?

Секако дека недостига – нема официјална институција која работи на тоа. BIG SEE е иницијатива која се надева дека ќе поттикне таква организација фокусирајќи се на креативните индустрии кои нудат неверојатен опсег на стилови во регионот, а со тоа и огромен неискористен потенцијал и сила на умот.

На BIG SEE припаѓа 21 држава во кои историски гледано никогаш не се живеело удобно. Или како што вели песната „тешко се живее, но лесно умира“. Поради тоа повеќе се сонува, можеби тој сон придонесува за креативноста?

Во не многу далечното минато, животот никаде не бил лесен. Поголем дел од Италија беше синоним за екстремна сиромаштија и по Втората светска војна, а Германија беше физички уништена пред три генерации, итн., итн…., списокот е бесконечен.

Се разбира, очајните услови поттикнуваат креативно размислување, но иако преживувањето е одлична деловна метафора, не успева да ја опфати комплексноста на модерната економија и нејзините истражувачки и развојни напори.

Мошне директно кажано: да се биде гладен понекогаш може да биде мотивирачки, но за жал тоа не е доволно. BIG SEE служи да се создадат услови за повеќе да се цени креативноста во нашиот регион, а со тоа повеќе да се цени и на други места.

bigseeEEEEEE_resize

Сметате ли дека креативноста, творештвото и крајните производи на поразвиените земји се преценети, а регионот на Југоисточна Европа потценет?

Не станува збор за тоа што некој мисли, туку за вистинската вредност што луѓето се спремни да ја платат за креативноста. И да, секако, тоа е потценето во овој регион – но со текот на времето ќе се подобри само со заеднички напори на многу луѓе кои ќе имаат корист од подобар дизајн, подобар животен стандард, повисоки аспирации и да, од политичка стабилност, исто така.

Од 2018 година  BIG SEE организира и доделување награди во шест категории. Кои се условите за учество? Колку пријави пристигаат годишно, колку награди се доделуваат, кој е во жири?  

Годишно оценуваме повеќе од две илјади проекти во сите категории. Сите тие мора да се завршени во последните три години. Помалку од илјада (се очекува 700 во 2022 година) ги исполнуваат критериумите за аплицирање и влегуваат во конкуренција да бидат жирирани. Членови на жирито се меѓународни експерти кои не се од Југоисточна Европа.

_Z6V0246_VID_ROTAR_resize

Архитектите се познати дека се љубители на награди, што значи да се добие BigSEE Architecture Award  – Grand Prix?

Тоа значи дека меѓународното тело на експерти го препознало проектот како регионално значајно достигнување кое заслужува да биде ценето на глобално ниво. Добитниците на Гран при се исклучителни проекти што се создадени во регионот, исто така честопати се добитници и на други меѓународни награди.

Според вас која е најзначајна, условно кажано „најголема“ награда која ја доделувате?

Сите Гран при се еднакви.

BIG SEE_STOKUCA_resize

BIG SEE поддржува сè што е креативно, сметате ли дека сепак архитектурата, онаа со сета своја комплексност, стои на пиедесталот?

Не мислам, затоа што наградите BIG SEE не се за комплексност на проектите, туку за исклучителната креативност во дизајнот и за брилијантната изработка во изведбата.

Базиликата Свети Петар во Рим е величествено архитектонско достигнување кое содржи невозможна количина на непроценлива уметност, но дали таа на некој начин е супериорна во однос на драмите на Шекспир кои биле напишани за театар од дрво кој изгорел дури и пред неговата смрт? Или Хамлет е подобар од Clair de Lune (Месечина) на Клод Дебиси за соло пијано?

Дали можеби знаете колку трудови досега се стигнати од Македонија и во која област ги има највеќе?

Четириесет. Има архитектура и ентериер, а и мода.

koerner_resize

Како изгледа и каде се одржува свечената церемонија на доделување на наградите?

Поради пандемијата, две години имавме онлајн награди, а дури во мај 2022 година повторно имавме доделување на наградите во живо, прв пат од октомври 2019 година. Во меѓувреме се преселивме и сега сакаме да ги искористиме најатрактивните места, не само за церемонијата на доделувања на наградите, туку и за придружната изложба и конференција.

За 2022 BIG Architecture бевме во љубљанскиот Културен и конгресен центар „Цанкарјев дом“, а на есен за месецот на дизајнот 2022 BIG SEE Month of Design ќе го „освоиме“ љубљанскиот замок.

GLAAAVNE4_resize

Дали постои интерес и од останатите делови на светот за BIG SEE? Како оди промоцијата на креативноста на Југоисточна Европа?

Да, постои интерес и ме радува што тој расте. Планираната имплементација на меѓународната промоција ќе ја започнеме откако BIG SEE прво цврсто и целосно ќе се закотви во регионот.

pivara_resize

Планирате да ги посетите државите кои се дел од  BIG SEE, да ги запознаете местата, луѓето, креативците. Почнавте од Македонија. Зошто?

Да токму тоа е планот, сите 21 земја во следните две години, се надеваме. Зошто прво Македонија? Долга приказна… И затоа што бев сигурен дека Скопје, местото каде модниот креатор Изет Цури го поминал своето детство мора да е нешто посебно. Мило ми е што 100 пати се докажа дека сум во бил право.

bigseeSSEEED_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top