Насловна / Вести / Vivo X100 Pro конечно стигнува во Европа

Vivo X100 Pro конечно стигнува во Европа

Иако е официјално претставен во Кина уште во ноември минатата година, доаѓањето на смартфонот Vivo X100 Pro на другите пазари е доста бавно. Сепак, сега тој конечно стигнува во Европа, откако претходно на почетокот на годината започна неговата продажба и во Индија. Vivo X100 Pro доаѓа во само една верзија, која има 16 GB RAM и 512 GB интерна меморија, така што дефинитивно е добро опремен, посебно кога ќе се земе во предвид фактот дека има Dimensity 9300 процесор.

виво1

Смартфонот има 6,78 инчен LTPO AMOLED екран со резолуција 1.260×2.800 пиксели, три камери – главна од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата, ултраширока 50 MP со автофокус и перископска камера од 50 MP со 4,3x зумирање и оптичка стабилизација на сликата. Уредот е напојуван од батерија со капацитет 5.400 mAh. Користи оперативен систем Android 14 со кориснички интерфејс Funtouch 14.

виво2

Испрати коментар

Scroll To Top