Насловна / Архитектура / BIG проектираше „бодликави“ облакодери

BIG проектираше „бодликави“ облакодери

Cactus Towers, ремек дело на данското студио BIG, наскоро ќе бидат завршени во Копенхаген. Овие две високи „бодликави“ облакодери содржат 495 станбени единици и поврзани се со јавен парк. Според достапните информации, резиденцијалните единици се веќе готови, а заедничките простори и јавнот парк ќе бидат завршени оваа година, поточно пред почетокот на летото.

кактус1

Фотографот Rasmus Hjortshøj успеал да ги забележи завршените екстериери на Cactus Towers, додека во тек е садењето на растенијата во паркот и на терасите. Внатрешноста е обложена со дрвена столарија, а има и кружна патека околу јадрото на комплексот. Единствен изглед на кулите е постигнат со ротација на нивните катни плочи, што на секој дом му нуди единствен поглед на округот вој Копенхаген кој е домаќин на ова здание. Повисоката кула достигнува височина од 80 метри, а заедно опфаќаат 26.100 квадратни метри.

кактус3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top