Насловна / Вести / Виена штеди гас во своите топлани и користи екстра лесно масло

Виена штеди гас во своите топлани и користи екстра лесно масло

После исклучително благиот октомври и првите недели на ноември, започна да расте побарувачката од топлинска енергија преку системот за далечинско греење во Виена. Четирите топлани во градот користат главно природен гас, но во оваа грејна сезона веќе се започна со користење на екстра лесно масло.  Надлежното градско претпријатие Wien Energie веќе има на залиха 20.000 тони екстра лесно масло, и склучило и дополнителни договори за снабдување со ова гориво.

wienenergie1

 

Сите топлани заедно имаат инсталирана моќност од  1.250 MW, но во случај на недостаток на гас може да гарантираат непрекинато снабдување со топлинска енергија за греење на Виена заедно со енергијата од спалувањето на отпад, биомаса и индустриската отпадна топлина, која исто така се користи во системот з адалечинско греење.  Иако во текот на летото, компанијата ги наполнила складиштата за гас над 90%. И покрај тоа, главниот приоритет е штедењето на гас секогаш кога тоа е можно. Паралелно, интензивно се работи на климатски прифатливи алтернативи за фосилните горива. До 2040 година, планот е алечинското греење во Виена да биде во целост климатски неутрално.

wienenergie2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top