Насловна / Архитектура / Стадионот Al Bayt во Катар – уживање во топлото арапско добредојде (ВИДЕО)

Стадионот Al Bayt во Катар – уживање во топлото арапско добредојде (ВИДЕО)

Улогата на стадионот Al Bayt кoj беше домаќин на отварањето на ФИФА Светското првенство и првиот натпревар кој се одигра, оној меѓу домаќинот Катар и Еквадор, обезбедена е од првата проектантска скица. Катар се сврте кон богатото наследство на својата култура за да го пречека светот – поканувајќи ги гостите да уживаат во традиционалниот обичај на удобност, што овој регион го негува со векови.

200422_Al Bayt Stadium Aerials

03

Инспириран од bayt al sha’ar, традиционален шатор – живеалиште на номадските народи на Катар, прекрасната шаторска структура на арената обвива ултрамодерен фудбалски стадион. Традиционално, шаторите се препознаваат по црни и бели ленти. Ова се одразува на препознатливата надворешност на арената, како и живописните шари што ги поздравуваат навивачите кога ќе влезат.

1

07

Вториот по големина стадион во Катар со капацитет од 60.000 места сместен е на околу 35 километри од Доха. Проектиран е од либанското биро Dar Al-Handasah. Структурно, Al Bayt се состои од две одвоени целини: стадион и шатор. Стадионот содржи три подруми, приземје, три горни ката и одвоени простори за седење. Шаторот, пак, е со димензии 372,5 × 310 метри и го покрива стадионот и изложбениот простор. Конструкцијата на шаторот се состои од затегната мембрана од специфичен вид фиберглас, поврзана со челични кабли и челични решетки со бетонски столбови, распоредени на периферијата на шаторот, кои служат како блокови за прицврстување за сајлите. Подвижниот кров ги поврзува четирите краја на стадионот заокружувајќи го амбиентот.

011

Подземните тунели им служат на подрумите на стадионот како пристап за возила и за евакуација. Сообраќајно е добро поврзан со градот, има  паркинг за 6.000 возила, 350 автобуси и 1000 таксија. Покрај 60.000 места за посетили има и 1.000 за представниците на медиумите.

010

Но има уште еден куриозитет, ВИП простори кои се опремени со кревети, па така навивачите можат да станат од кревет додека играчите излегуваат од тунелот и сепак нема да го пропуштат стартот на натпреварот.

000

08

Изградбата е доверена на компаниите Webuild и Cimolai, а при реализација користени се напредни материјали кои можат да се рециклираат, што е препознаено и од од Global Sustainability Assessment System (GSAS) за што арената има сертификат, заедно со други атести за одржлив дизајн и начин на изградба следен со енергетска ефикасност, за шта доби пет ѕвезди.

Стадионот официјално е отворен на 30. новември 2021. година као дел од церемонијата на отварањето на ФИФА Арапскиот куп.

012

01

0

00

09

05

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top