Насловна / Вести / Виена: Геотермална енергија за греење на домаќинствата

Виена: Геотермална енергија за греење на домаќинствата

Виена спроведува бројни мерки со цел до 2040 година да стане климатски неутрална. Меѓу останатите цели, до овој рок сите домаќинства треба да се снабдуваат исклучиво со еколошка топлинска енергија. Најголемиот број градски домаќинства наскоро ќе бидат приклучени на еколошко прифатливо далечинско греење, но кај дел од нив тоа технички не е изводливо. Затоа ќе се посегне по алтернативни начини. Имено, во тек е пилот проект во склоп на кој до крајот на 2024 година, 277 станови би добивале греење и топла вода од геотермални извори и со користење на топлински пумпи. На 18 локации веќе се направени бушотини на 150 метри длабочина. На овој начин ќе се заменат индивидуалните гасни котли во становите, додека електричната енергија која е потребна з аработа на топлинските пумпи ќе се обезбедува од фотоволтаици инсталирани на самите згради. Во проектот се вложени 26 милиони евра.

vienna1

vienna2

Во 11-тиот градски округ Simmering, во моментот се гради најголемата топлинска пумпа во средна Европа, која со топлинска енергија ќе снабдува 110.000 домаќинства. Користењето на вишокот енергија од ветерните електрани за добивање на топлинска енергија за греење е исто така веќе применета технологија во Виена, како и рекуперација на отпадната топлина од канализацискиот систем. Се реализираат и многу други активности за целосна декарбонизација на секторот топлинска енергија за греење, односно целосна елиминација на фосилните горива.

vienna3

 

Испрати коментар

Scroll To Top