Насловна / Вести / Виена: Една милијарда евра за еколошки прифатливо снабдување со енергија

Виена: Една милијарда евра за еколошки прифатливо снабдување со енергија

Виенската градска компанија за снабдување со енергија Wien Energie, во следните пет години ќе вложи една милијарда евра во геотермална енергија, топлински пумпи, фотонапонски системи и ветерни електрани, со цел постигнување независност од фосилните горива. Оваа компанија планира целосно да го реконструира својот енерегтски систем, со цел да ја заштити климата и да ги стабилизира цените на енерегнтите. До 2027 година, Wien Energie планира да вложи 1,29 милијарди евра во различни проекти. Вкупно 625 милиони евра ќе бидат вложени во производство на топлинска енергија, а 334 милиони евра во проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори. Покрај тоа, 90 милиони евра ќе се издвојат за климатски прифатливо ладење, 160 милиони евра во дигитализација, електромобилност и телекомуникации, како и 90 милиони евра во енергетска сигурност.

wienenergie1

wienenergie2

Оваа виенска компанија гледа најголем потенцијал во користењето на енергијата од Сонцето, односно во изградба на фотонапонски системи. Само минатата година таа компанија изградила повеќе од 60 соларни електрани, а во моментот работи на 400 такви проекти, чија вкупна инсталирана моќност надминува 600 MWp. Компанијата исто така вложува и во производство на енергија од ветерот, и во текот на годината има намера да достигне вкупен капацитетет од 200 MWp. Клучна улога во декарбонизацијата на градот има греењето од топланите.  Се планира до 2040 година, дури 56% од снабдувањето со топлинска енергија да се одвива преку топланите . И во изминатите години доста е направено за декарбонизација на овој сегмент (power to heat со користење на претходно складирана енергија од обновливи извори, геотернални извори, нискотемпературни извори како давач кај топлински пумпи и сл.)

wienenergie3

wienenergie4

Водородот како клучен енергент на патот кон климатска неутралност исто така се наоѓа во средиштето на активностите на таа виенска компанија. Во средината на 2022 година, се стартува со изградба на постројка за производство ан водород со електрозила на вода, а во исто време се планира тестирање на примена на водород во гасна турбина. Се истражува и користењето на биогас од рециклиран отпад, како и различни технологии за складирање на енергија.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top