Насловна / Архитектура / Градежништвото во регионот се ориентира кон зелена архитектура и здрава средина

Градежништвото во регионот се ориентира кон зелена архитектура и здрава средина

Деловната зграда Park Lane Office Center е модерен деловен објект со вкупна површина од 32.900m².  Се наоѓа во еден од најбрзо растечките квартови во Софија, Бугарија и има одлична локација – близу до најголемиот трговски центар во градот и некои од најважните транспортни артерии.

Park Lane Office Center_1_resize

Канцелариските катови имаат флексибилен отворен простор со нето висина од 3,10 m. Секој кат има тераса и целосно застаклена фасада, која нуди прекрасен поглед на планината Витоша.

Зградата е дизајнирана да ги исполни сите современи барања за деловна средина- класа А со висок стандард на завршна обработка и технички спецификации. Најсовремените технички системи кои се користат во нејзината конструкција овозможуваат пристап до големи количини свеж воздух во канцелариите. Постои и специјална технологија за УВ дезинфекција на воздухот. Овие спецификации го претвораат објектот во здрава зграда и обезбедуваат удобна и безбедна работна средина за сите вработени и клиенти.

Park Lane Office Center 2_resize

Проектот е дело на архитектонско студио Планинг. Обвивката на зградата е застаклена висечка фасада Schüco FWS 50, според највисоките барања за енергетска ефикасност на профили, застаклување и звучна изолација. Вертикалните декоративни елементи во бронзена боја придонесуваат за подобрување на целокупниот енергетски модел и создаваат препознатлив изглед, кој наликува на баркод. Вградените прозорци од системот Schüco AWS 114 Klapp Fenster обезбедуваат природна вентилација во целата зграда.

Park Lane Office Center 3_resize

Не случајно на крајот на 2021 г. ја освои наградата во категоријата „ЗГРАДИ СО ЕЛЕМЕНТИ НА ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА И ИНОВАЦИИ“ на најпрестижната манифестација од областа на инвестициските проекти, градежништвото и архитектурата во Бугарија – Националниот конкурс „Зграда на годината“.

Комерцијален текст

AKS_logo_resize

Испрати коментар

Scroll To Top