Насловна / Вести / Вештачка интелигенција во пакетот Офис на Мајкрософт

Вештачка интелигенција во пакетот Офис на Мајкрософт

Како одговор на достигнувањата на компанијата Гугл, Мајкрософт ги објави плановите за тоа како ќе ја направи вештачката интелигенција достапна за повеќе корисници.

За пакетот Мајкрософт 365, кој вклучува Ворд, Ексел, ПауерПоинт и Аутлук, компанијата го претстави Копилот – асистент за вештачка интелигенција.

ms1

„Уверени сме дека следната генерација на вештачка интелигенција ќе отклучи нов бран на раст на продуктивноста“, вели по тој повод извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела, и тоа во денот кога е забележано дека цената на акциите на компанијата порасна за околу четири отсто.

Како што пренесува Ројтерс, лудилото за инвестирање и создавање нови производи врз основа на примена на вештачка интелигенција започна со пуштање во работа на ЧетГПТ, минатата година, односно апликација за разговор со вештачка интелигенција, која, како што се наведува, го покажа потенцијалот на таканаречените големи јазични модели.

ms

Таквата технологија учи од веќе постоечките, достапни информации и креира нови содржини, а оваа недела компанијата која ја креираше апликацијата ОпенАИ, најави лансирање на верзијата ГПТ-4.

Функциите на таа апликација ги подржува апликацијата на Мајкрософт Копилот, а од компанијата најавуваат дека апликацијата „ќе може да поттикне поголем број корисници да работат во пакетот Офис и на тој начин да го зголеми раздвојувањето во однос на конкурентите“.

ms2

Потпретседателот на Мајкрософт, Џон Фридман, изјави дека разговорот со апликацијата на Мајкрософт е најголемото искуство од кое апликацијата може да учи.

„На пример, корисникот може да праша: ’Кажи му на мојот тим како да ја обновиме стратегијата на производот’, а вештачката интелигенција ќе земе податоци од мејловите од тоа утро, состаноците или четовите“, вели Фридман.

Тој додаде дека на долг рок, вештачката интелигенција треба да биде поперсонализирана.

„Често имаме барања до луѓето да се прилагодат на машините и системите што ги создадовме, а ова е нешто што ќе почне да се прилагодува на вас“, порача Фридман.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top