Насловна / Вести / Велика и Британија се поврзуваат со подморски електроенергетски кабел

Велика и Британија се поврзуваат со подморски електроенергетски кабел

Работите на изградбата на првата електроенергетска интерконекција помеѓу Велика Британија и Германија започнуваат до крајот на годинава. Новиот подморски кабел под името NeuConnect за прв пат директно ќе ги поврзе германскиот и британскиот електроенергетски систем. Инвеститори во овој амбициозен инфраструктурен проект се францускиот Meridiam, германскиот Allianz Capital Partners и јапонскиот Kansai Electric Power, додека дел од вкупните вложувања во вредност од 2,8 милијарди евра ќе биде покриен од кредит кој го обезбедува конзорциум од дури 20 банки на чело со Европската инвестициска банка, британската специјализирана банка UK Infrastructure Bank и Јапонската банка за меѓународна соработка (JBIC).

neuconnect1

neuconnect3

 

Се очекува дека новата подморска интерконекција значително ќе придонесе за пораст на трговијата со електрилна енергија помеѓу Европската унија и Велика Британија, а во комерцијална работа би требало да биде пуштена во 2028 година. Проектот опфаќа поставување на високонапонски еднонасочен вод под германските, холандските и британските територијални води. Номиналната моќност на кабелот ќе биде 1400 MW, а номиналниот напон 525 kV. Вкупната должина на подморскиот кабел ќе изнесува 725 km. На германскиот електроенергетски систем ќе биде поврзана во трафостаницата Fedderwarden, со која управува компанијата TenneT, еден од четирите германски оператори на преноснен систем. На британско копно ќе излегува во близина на трансформаторската станица Isle of Grain, со која управува британскиот оператор на електропреносниот систем National Grid. Двете трансформаторски станици ќе ги гради Siemens, додека работите на изведба на подморскиот кабел ќе ги врши специјализираната италијанска компанија Prysmian.

neuconnect2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top