Насловна / Арт и дизајн / Најголемиот лавиринт во Европа во форма на Лего фигура

Најголемиот лавиринт во Европа во форма на Лего фигура

Во Северен Јоркшир, по повод 90 години постоење на компанијата Лего, направен е најголемиот лавиринт во Европа и тоа во форма на Лего фигура, која е 3.500 пати поголема од вистинската.

„Лавиринтот на површина поголема од осум фудбалски игралишта е уште еден одличен начин семејствата да играат заедно и едвај чекаме сите да го видат дизајнот на лавиринтот одозгора“, изјавија претставниците на компанијата Лего.

1

Од воздухот се гледа дека лавиринтот е во облик на препознатлива фигура на Лего – робот кој се пробива низ ѕид од тули, со зборовите „90 години игра“ додека на дното стои логото на компанијата, со потсетување на земјата од која доаѓа Данска и годината кога е основана, а тоа е во 1932 година.

2

Сопственикот на просторот на кој е направен Лавиринтот, со површина од 15 хектари, вели дека Лего лавиринтот му е важен бидејќи тој и неговите деца, но и целото семејство ги сакаат лего фигурите и коцките и дека тие се нешта на животот, а не на возраста.

Лавиринтот, кој е креација на локалниот фармер Том Пирси е најголемиот и најпосетуван лавиринт во Европа и еден од најголемите во светот.

0

Составен е од растенија одгледувани од милион зрна пченка засадени во април, а GPS технологијата се користи за создавање на патеките во лавиринтот.

Големата минифигура на Лего во лавиринтот е висока преку 150 метри и повеќе од 3.500 пати поголема од вистинската минифигура на Лего.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top