Насловна / Архитектура / Урбано живеење во скутот на природата во Њу Делхи, Индија

Урбано живеење во скутот на природата во Њу Делхи, Индија

Во урбаното опкружување се повеќе има исклучување помеѓу корисникот и природата. Со овој проект се создава зелен урбан живот, се со цел да се акцентира односот на жителите со природата во нивната непосредна околина. Оваа вила произлегува од пејзажот, со централен мотив што вклучува продуцирање на максимален процент на зеленило на локацијата и искористување на визурите кон паркот кој гледа кон локацијата.

1 2 5 6 7

Парцелата е опкружена со вили од 3 страни, кои нудат поглед на маалскиот парк на 4-та пократка страна. Дополнително, има три истакнати дрвја на парцелата, едно на влезот и две наоколу на задниот дел на парцелата.  Барањето на инвеститорот единствено се во делот на  зачувување на постојното зеленило што е можно повеќе. Со оглед на тоа дека станува збор за  семејство, клиентот инсистира на двојна интеракција во објектот. Мирна зона –  за одмор и простории за поттикнување на социјална интеракција каде што сите членови би можеле да бидат заедно.

Формативноста на парцелата и погледите на маалскиот парк користат како двигатели на интервенцијата. Од тематска гледна точка, се истакнува флуидноста на зеленилото на маалскиот парк на локацијата, со потоци кои излегуваат од паркот ориентиран кон југ и се отвораат кон северниот раб на локацијата.

Изградбата е стратешки лоцирана на еден од рабовите на парцелата, создавајќи дарежлива уредена градина на западната страна на парцелата која се отвора кон семејната дневна-трпезарија со двојна висина, со што се остава впечаток дека всушност дневниот боравок е интегриран со пејзажот.  На скалестата патека која меандрира на првиот кат со засенчени седишта интегрирани во партерот се надоврзува терасата. Овој испуст на првиот кат претставува и директен влез во станот на првиот кат. Уредната терасна градина ужива поглед на маалскиот парк со чувство дека сте вгнездени во природа. Овие три надворешни простори имаат различни намени во зависност од времето од денот и сезоната во годината. Постојните дрвја се зачувани во дизајнот и нивната сенка е искористена за да се создадат простори на отворено што може да се користат во екстремни временски услови.

Целта е  да се создаде дихотомија во фасадата, со леснотија на долниот кат и полн волумен кој лебди над неа. Приземјето има застаклена фасада која се поврзува со надворешните зелени површини, а првиот кат има прозорци издлабени во бетон за да се минимизира топлинската добивка, бидејќи оваа фасада е директно изложена на сонце. Отворен простор за живеење, трпезарија и кујна со двојна висина ги комбинира двата семејни спрата во една галерија, со што се зајакнува семејната поврзаност и кохерентност.

10

Во зафатот се имплеменрани и стратегии за одржливост со што крајниот продукт ќе влијае кон кохерентност на внатрешните и надворешните функции. Приземјето има длабока конзола на југо-западната и источната фасада за да се  намалат ефектите од летното сонце. Покривната површина на објектот е проодна и партерно уредена, што придонесува за дополнително намалување на директната топлинска добивка на вилата.

Со оглед на топлите временски услови во Делхи, овој проект е проектиран за слави удобноста на човекот и внатре и надвор од него. Фасадната површина  кон југозапад, е поставена за да ја блокира директната сончева светлина во текот на денот, додека одржува совршена визуелна врска со надворешноста. На зајдисонце, некои сончеви зраци ја оживуваат внатрешноста. Горниот кат на зградата е направен од бетон со вдлабнати прозорци за да се отсече јужното сонце. Трите постоечки дрвја на локацијата се зачувани, создавајќи засенчени области во пејзажот и помагајќи да се намали изложеноста на сонце на вилата. За вкрстената вентилација на куќата била земена в предвид насоката на ветрот.

9 8

11 12 14 13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top