Насловна / Ентериери / Топол ентериер кој освојува на прв поглед

Топол ентериер кој освојува на прв поглед

vila ivanov istra_05

Живописниот истарски пејзаж секоја година привлекува безброј посетители од Хрватска и од странство. Врвни гастрономски задоволства, природа која повикува на уживање и можност за луксузно сместување се доволни Истра да биде запаметена како една од најпосакуваните дестинации во овој дел од Европа. Во самото срце на Истра се наоѓа вилата Ивано.

vila ivanov istra_07

На беспрекорно уредената зелена површина доминира големиот базен долг 10 метри што е поврзан со тераса.
Терасата е уредена како простор за релаксација и јадење со рустикална дрвена маса за шест лица. Долниот кат е проектиран како проѕирен отворен простор во кој доминира модерна кујна со голема дрвена работна површина која може да послужи и како шанк.vila ivanov istra_05

Централниот дел на трпезаријата зафаќа голема дрвена маса за 10 луѓе. Топлата комбинација на дрво и цигли се испреплетува низ целиот долен кат со неодоливите парчиња на мебел во провансалски стил. На долниот кат се наоѓа и една спална соба која има дополнителен детски кревет. На горниот кат се наоѓа спална соба украсена во романтичен тон – со просторијата доминира голем дрвен кревет и простран плакар. Главната спална соба има и галерија во која се наоѓа и друг кревет. Вилата располага со две убави бањи на секој кат.

vila ivanov istra_10 vila ivanov istra_11 vila ivanov istra_12 vila ivanov istra_13 vila ivanov istra_09 vila ivanov istra_08 vila ivanov istra_01 vila ivanov istra_02 vila ivanov istra_03 vila ivanov istra_04 vila ivanov istra_06

Испрати коментар

Scroll To Top