Насловна / Вести / Од Путин се бара да не ја прекинува испораката на гас

Од Путин се бара да не ја прекинува испораката на гас

baroso putin

Европската Унија го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува договорите за снабдување на Европа со гас, во одговор на заканите на Москва дека ќе ја прекине испораката на гас за Украина од 3-ти јуни, што може да предизвика проблеми во доставата и во другите европски земји.
„Додека траат тројните разговори меѓу Русија, Украина и ЕУ, испораката на гас не треба да се прекинува. Сметам на тоа дека Руската федерација ќе го почитува договорот“, истакна претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во писмо испратено до Путин.
Тој додава дека руската компанија „Гаспром“ има одговорност да ги обезбеди потребните испораки како што е предвидено во претходните договори со европските компании.
„Приоритет е сите страни да продолжат да се ангажираат конструктивно во тој процес и да постигнат договор за цена која ќе одговара на состојбата на пазарот“, напиша Баросо.
Следниот состанок на трите страни е закажан за 26 мај во Берлин. Путин на 14 мај испрати писмо до европските лидери во кое ги предупреди дека Москва не добила никаков конкретен предлог од ЕУ во врска со плаќањето на испорачаниот руски гас за Украина и ја повика Унијата поактивно да се вклучи во решавањето на овој проблем.

Испрати коментар

Scroll To Top