Насловна / Вести / Штетата на објектите од поплавите во Србија над една милијарда евра

Штетата на објектите од поплавите во Србија над една милијарда евра

osteta od milijarda vo srbija

Процената на штетата на сите станбени и инфраструктурни објекти предизвикана од поплавите не е конечна и таа ќе ја дадат стручните комисии, а таа веројатно ќе изнесува над една милијарда евра, покажуваат процените на Градежно- индустриската комора на Србија, јавува „Танјуг“.
Со поплавите се оштетени околу 4.000 магистрални патишта, 250 мостови, 2.500 градежни и станбени објекти се поплавени, а огромен проблем претставуваат свлечиштата на одделни делници и патишта.
Во оваа проценка, како што изјави потпретседателот на Комората, Горан Родиќ, не влегува штетата што ќе се одрази на земјоделието, потоа колку се оштетени мебелот и другите работи.
За санација на штетите ќе бидат потребни неколку години, а работите на санацијата ќе траат со месеци додека да се средат објектите за својата намена, да се поправи комуналната инфраструктура, водовод, канализација, да се овозможи електрична енергија и патна инфраструктура.

Испрати коментар

Scroll To Top