Насловна / Вести / Tomorrow Conference 2022, се одржува во Белград од 13-ти до 15-ти мај

Tomorrow Conference 2022, се одржува во Белград од 13-ти до 15-ти мај

Белград е домаќин на настанот Tomorrow Conference 2022, кој  ќе се одржи од 13-ти до 15-ти мај во „Белекспо“ центарот. Тоа е прва европска “Tomorrow конференција” која ќе ги собере пионерите на иднината од областа на криптовалутите, метаверзумот и NFT. Околу овие три сфери кои доживуваат експанзија и го освојуваат светот, ќе дебатираат водечките светски блокчејн компании, иноватори и влијателни стручњаци.

belekspo1

Со пораката дека 2021 година била добра за криптовалутите, а дека 2022 година ќе биде уште подобра, организаторите најавиле дека на конференцијата ќе стане збор за сите сегменти на блокчејн технологијата и криптовалутите. Програмата и потврдените говорници можете да ги видите на официјалната страница.

belekspo2

Испрати коментар

Scroll To Top