Насловна / Архитектура / Фасадата на зградата на Најк инспирирана од оклопот на самураите

Фасадата на зградата на Најк инспирирана од оклопот на самураите

Портландската фирма Skylab Architecture неодамна ги претстави фотографиите од својот нов објект – зградата Серена Вилијамс, која е проектирана за Најк.

Реализацијата на проектот е завршен на крајот на април во градот Бивертон во Орегон, САД, како дел од веќе постоечкиот кампус на познатиот спортски бренд, а новиот комплекс има централна кула со пет крила.

Nike

Зградата од речиси 93 илјади квадратни метри е проектирана како ново седиште на одделот за дизајн на Најк и оддава почит на портпаролката на компанијата – тенисерката Серена Вилијамс.

“Очигледно, Серена од самиот почеток знаеше дека ќе биде дел од овој проект, па ја донесовме на време, така што зградата не само што ќе го носи нејзиното име, туку и навистина ќе ни помогне да го создадеме објектот“, изјави за Dezeen главниот проектант на компанијата, Најк Џон Хок.

Nike1

Кулата, која се состои од две структури, се наоѓа во централниот дел на комплексот и како највисока зграда во Бивертон, симболично треба да ја претставува соработката меѓу двајцата основачи на брендот Најк – Фил Најт и Бил Бауерман.

Додека терасестите зони следат различни нивоа на локацијата, петте крила на комплексот се протегаат како прсти од кулата и меѓусебно се поврзани со низа мостови.

“Го користиме терминот принцеза воин за Серена, така што постои врска меѓу цврстината и мекоста во текот на целиот проект, а фасадата на зградата е исто така инспирирана од оклопот на јапонските самураји и палатите во Токио“, објасни извршниот директор на Skylab Architecture Џеф Ковел.

Nike2

Архитектот од Портланд додава дека јапонските теми во проектот се исто така омаж на блиската врска на брендот со Јапонија како извор на финансирање и развој на пазарот во неговите рани денови.

Покрај тоа, низ зградата може да се видат бројни референци за симболите и историјата на брендот, вклучително и лакови како тениски рекет што го поддржуваат таванот на централната трпезарија.

Nike3

Освен што е на името на објектот, името на познатата тенисерка се користело и за именување на просториите, меѓу кои и гледалиштето кое го носи името на нејзината ќерка Олимпија Вилијамс.

Внатре, може да се види широк спектар на материјали и бои, кои се менуваат во зависност од намената на просторијата и се приспособени на графиката и логоата што ги прикажуваат дизајнерските теми на Nike.

Nike4

Зградата има сертификат LEED платина, што Ковел го посочи како „монументално достигнување“, имајќи предвид дека се работи за многу голема зграда.

Покрај тоа што терасите на комплексот се опремени со системи за собирање дождовница кои се уште се користат во тоалетите, архитектите тврдат дека 20 отсто од материјалот што се користи во градбата е рециклиран материјал.

Што се однесува до пејзажната архитектура, портландската фирма PLACE работеше претпазливо за да го постави објектот во средина на чувствителни, федерално заштитени мочуришта што минуваат низ кампусот.

Nike5

Пејзажни архитекти работеа на проектот на кампусот во последните седум години и целта беше соодветно да се поврзат различни генерации згради со околниот пејзаж.

Зградата Серена Вилијамс ќе биде идното работно место за повеќе од илјада дизајнери на Nike, кога компанијата целосно ќе се врати во канцелариски режим.

Nike6

Nike7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top