Насловна / Вести / The Loop: Најпаметната инфраструктура за велосипедисти и пешаци

The Loop: Најпаметната инфраструктура за велосипедисти и пешаци

The Loop е најпаметната инфраструктура во светот за трчање и велосипедизам на светот.  Станува збор за патека која е почиста и подобра од било кој пат направен досега и ќе се наоѓа во Дубаи. The Loop е проектиран од страна на URB како одржлив градски парк долг 93km. Тој има нулта емисија на гасови, користи кинетичка енергија за работа и 100% обновлива енергија. Оваа необична сообраќајница е богата со билки кои се наводнуваат со рециклирана вода. Намерата на авторите е да се промени начинот на движење на луѓето во Дубаи и The Loop да поврзува над 3 милиони жители.

loop1

loop2

 

Во моментот градот е фокусиран на автомобилите, а се смета дека со промовирање на пешачењето и велосипедизмот околу 80% од жителите до 2040 година би го смениле начинот на движење. На тој начин жителите ќе бидат оддалечени само 20 минути пеш или со велосипед од главните атракции. Благодарение на овој проект луѓето ќе можат да комбинираат користење на јавен превоз и велосипед, наместо секојдневно да возат автомобили, што позитивно ќе влијае врз нивното здравје. Во проектот се интегрирани јавни простори за опуштање и игри, па The Loop воедно е и парк, а предвидени се и станици за рециклирање на отпадот.  

loop3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top