Насловна / Вести / Израел: Отворена првата „гигафабрика“ за складирање на топлинска енергија

Израел: Отворена првата „гигафабрика“ за складирање на топлинска енергија

Израелската компанија Brenmiller Energy го најави отворањето на системот за складирање на топлинска енергија, која ќе складира вишок електрична енергија во вид на топлинска, а во случај на потреба ќе ја испорачува енергијата во вид на пареа. Компанијата верува дека ова е прва постројка од ваков вид во светот. Планирано е до крајот на 2023 година, постројката да го достигне својот максимален капацитет.

storage2

„Ние сме Израелци – ние создаваме технологии кои функционираат во сред пустина – знаеме како да ја складираме топлината и подготвени сме да го поделиме нашето знаење со светот“, рекол основачот и CEO на компанијата, Avi Brenmiller. енергијата се складира во пустинските карпи, кои може да ја складираат енергијата многу ефикасно. Со систем од цевки, оваа енергија се извлекува и се добива пареа која се испорачува по потреба. Оваа т.н „гигафабрика“ се очекува да складира и генерира до 4GWh енергија во својот полн капацитет.

storage3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top