Насловна / Вести / Објавена книга „Челични мостови. Избрани поглавја“ на Александар Бојовиќ

Објавена книга „Челични мостови. Избрани поглавја“ на Александар Бојовиќ

Издавачката куќа „Академска мисао“ од Белград неодамна ја објави книгата „Челични мостови. Избрани поглавја“ на Александар Бојовиќ, дипломиран градежен инженер, најпознат на стручната јавност како одговорен проектант на челични конструкции на бројни значајни проекти, меѓу кои и Железничко – патен мост во Нови Сад, кој никна на место на урнатиот Жежељев мост во НАТО бомбардирањето.

Во книгата во 13 поглавја на 1.130 страници се обработуваат различни теми, а рецензент е професор emeritus, проф. д-р Драган Буѓевац.

a11

Книгата обработува и теми како што се пресметката на старите мостови, патни и железнички, специфичности на проектирање мостови на различни статички системи, историски приказ на развојот на пресметката на оптоварувањето, одредени видови стабилност и замор, поединости на конструирањето.

Книгата има и практична вредност во инженерската пракса, содржи стотици слики и табели, алгоритми, примери за пресметка и детали на изведени мостови, со препораки за добра практика и примери на лоши решенија.

а2

Железничко – патен мост во Нови Сад

Книгата е отпечатена во тврд повез, во формат Б5, а насловите на поглавјата се следни: Историја на железни и челични мостови, Челик како материјал, Основи на проектирање мостови, Маси на челичните конструкции на мостови, Статички системи на мостови, Оптеретувања, Пресметка и конструирање, Накнадна пресметка на мостови, Опрема на мост, Пробно оптоварување и мониторинг, Техничка документација и комуникација, Примери на изведени мостови и Листа на мостови според распони.

a0

Патен мост на слободата во Нови Сад

Од предговорот…

„Мостовите отсекогаш биле инспирација и предизвик за инженерите, но и фасцинантни градби за широката публика. Железните и челичните мостови, од својата појава во 18. век до денес, ги поместуваат границите на распонот, носивоста и примената на различни статички системи.

Денес, изградбата на секој поголем челичен мост, особено железнички, изискува широки и темелни знаења во многу научни области, во која било фаза на градбата – од подготовка, преку проектирање, до изградба. Практично, применето е целото знаење и искуство од градежното конструктерство.

Затоа, книга за челични мостови да се нарече „Челични мостови“ е нереално, според тоа и претенциозно и нескромно, и во суштина погрешно. Можно е само да се обработат основните теми, и тоа во краток избор и концизно, значи, како избрани поглавја.

Оттука и насловот на оваа книга – „Челични мостови. Избрани поглавја“. Книгата е настаната од желбата на авторот по 40 и повеќе години инженерска кариера, главно во областа на челичните конструкции и мостови, да ги сумира и презентира своите искуства и да ги стави на располагање на своите колеги, градежни инженери-конструктори“ – се наведува во предговорот на авторот.

a4

Кула на Авала, Белград

Во професијата речиси половина век

Александар Бојовиќ, дипл. град. инж. (1948) дипломирал на Градежниот факултет на Универзитетот во Белград. Во професијата работи речиси 50 години, како проектант на челични конструкции (мостови, спортски, индустриски и јавни објекти, антенски столбови, разни специјални конструкции). Автор е и на три стручни книги, 58 труда во домашна и странска литература, пет стандарди ЈУС.

а3

Најпознати референци како одговорен проектант: Железнички-патен мост во Нови Сад (2018), (Нов) Патен мост на слободата во Нови Сад (2005), Патен мост кај Сремска Рача (2009), Патен мост во Плоцк, Полска, ( 2005), Фудбалски стадион Арена Химки во Химки, Русија, (2008), сали за хокеј на мраз во Подолск и Чехов, Русија (2001 и 2003), Кула на Авала, Белград (2009), Хангар за ремонт на авиони, Сабха, Либија (1984), главниот крст на храмот Св. Сава во Белград (1989), топловод под мостот Газела во Белград (1992).

а1

крст на храмот Св. Сава во Белград

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои најзначајни се: Награда за животно дело од Друштвото на градежни инженери – ДГКС (2022), три Признанија ДГКС за најдобро стручно достигнување (2008, 2010, 2020), Златна плакета на ИТ Сојузот на инженери и техничари на Србија (како највисока награда) (2017).

Следниот чекор се промоции на книгата најавени за Белград на 18. мај и Нови Сад, 1.јуни.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top