Насловна / Вести / Tesla Cybertruck сеуште не е во продажба, а веќе доби вреден додаток

Tesla Cybertruck сеуште не е во продажба, а веќе доби вреден додаток

Иако сеуште не е во продажба, возилото Tesla Cybertruck на компанијата на Илон Маск, има уште еден додаток, подготвен за моментот кога конечно ќе се најде на патиштата. Имено, канадско – американската компанија за прилагодување на автомобили, Loki Basecamp ја најавила новаѕта палета на прилагодени додатоци за кампери, под името Cybertruck Edition. Додатокот совршено с евклопува во аголниот, привлечен стил на Cybertruck.Го претвора камионетот во ултимативно возило за заминување било каде. Единицата е посебно дизајнирана за аголен кревет. Тука се и надворешен носач, надворешни фиоки, соларен електричен систем и можност за користење како самостојно засолниште. Пространиот ентериер има посебни ниши за спиење, чајна кујна, тоалет и кревет. Поседува систем за регулација на температурата на воздухот, како и паметен систем за управување со енергијата. Од Loki порачуваат дека ваквата единица ќе стартува со цена од 135.000 УСД. Самиот  Cybertruck би требало да биде претставен во салоните во 2022 година.

cybertruck1

cybertruck2

cybertruck3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top