Насловна / Ентериери / Светлечка инталација за Perrier-Jouet

Светлечка инталација за Perrier-Jouet

сајмон хајденс светлечка инсталација_2
Холандскиот дизајнер Сајмон Хајденс, кој живее и работи во Лондон, креира современа светлечка инсталација за познатиот произведувач на шампањ Perrier-Jouet.

Неговата работа е комбинација на уметност, вештина, дизајн и нови техники, а резултатот е возбудлив приказ на она што претставува  Art Nouveau за 21 век. Оваа современа светлечка инсталација наречена Phare No.1-9 е составена од девет садови рачно направени од дувано стакло, кои содржат проѕирна течност. На врвот на стаклениот сад се наоѓа  извор на светлина што ја осветлува течноста и креира одреден шаблон, кој се проектира на ѕидовите и подовите од белата соба.

сајмон хајденс светлечка инсталација_6 сајмон хајденс светлечка инсталација_4 сајмон хајденс светлечка инсталација_3

Хајденс го истражува секојдневниот живот, со цел да се открие скриената суштина на просторот и предметите кои секојдневно ги употребуваме. Phare No.1-9 го претставува самото јадро на движењето Art Nouveau и принципите на дизајнирање на уметнички предмети,односно спојување на органското со авангардните технологии.сајмон хајденс светлечка инсталација_1 сајмон хајденс светлечка инсталација_5

Испрати коментар

Scroll To Top